МВР поднесе кривична пријава за измама на купувачи кон лице кое продавало преку социјални медиуми

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.И.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измамување на купувачи” по член 248 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во текот на 2021 година, на социјалната мрежа Фејсбук креирал профил за продажба на производи и со намера да ги измами купувачите објавил дека продава грејач за шише за хранење на бебиња. После тоа, неколку граѓани го нарачале производот и откако го добиле увиделе дека доставениот производ воопшто не одговара на содржината, видот, потеклото и квалитетот како што било наведено во објавата на профилот:

Откако некои од граѓаните се обиделе да го вратат производот, пријавениот ги блокирал преку креираниот профил, по што не можеле да остварат комуникација со него и да го вратат производот.

Ја поздравуваме постапката на МВР со која започнува да постапува по пријавените измами кои се случуваат на социјалните медиуми од страна на поединци / нерегистрирани онлајн продавачи и токму затоа апелираме граѓаните да внимаваат од каде купуваат онлајн и тоа да го прават само од регистрирани е-трговци, а не преку „фејсбук продавачи“.

АЕТМ во изминатиот период изработи регистар на е-трговци, како и прирачници каде потрошувачите може да се запознаат со нивните права при онлајн купување и да се информираат што сѐ треба да поседува секој регистриран е-трговец како би можеле лесно да ги распознаваат регистрираните од не регистрираните е-трговци и да купуваат само од проверени е-трговци.

Поврзани содржини