Mastercard нема да дозволи автоматска наплата од трговци по завршување на пробниот бесплатен период

Компаниите ќе мора да добијат ваше одобрување пред да ви наплатат!

Сите ние правиме иста грешка при отпочнување на бесплатен пробен период за користење на одредена услуга и заборавајќи да откажеме пред да почне процесот на наплата. Сега, Mastercard ќе не заштити од ова.
Компанијата објави нова политика која ќе бара од трговците да добијат ваше овластување пред да ви наплатат периодични трошоци за претплати. Воедно ќе бараат од страна на компаниите и да ви обезбедат месечни ажурирања со цените и јасни инструкции за тоа како да се откажете од претплатата доколку ви е потребно тоа.

Еве како ќе работат новите заштитни мерки на Mastercard: Пријавете се за пробен период и обезбедете го бројот на Mastercard картичката за вашите платежни информации. Кога бесплатниот период ќе заврши, трговецот ќе треба да ви испрати текст или е-маил со известување дека ќе мора да платите за да продолжите со претплатата. Пораката мора да ја вклучува цената на претплатата, датумот на плаќање и името на трговецот, истите јасно прикажани, за точно да знаете од кој трговец ја добивате пораката. Во пораката истото така ќе треба да се вклучат и инструкциите за како да се откажете доколку не сакате да ја продолжите претплатата.

Дури и ако се одлучите да му дадете дозвола на трговецот да ви наплати за да можете да продолжите да ја користите услугата, компанијата мора да ви обезбеди месечни сметки со кои ќе ја покажува месечната цена. Со ова треба да се помогне за следење на ценовните промени во вашата претплата, како не би биле оштетени од неочекувани промени во цените. Месечните сметки исто така ќе треба да вклучуваат водич за откажување на претплатата.

Извор: Engadget

Поврзани содржини