Mastercard го менува своето препознатливо лого!

Компанијата Mastercard објави дека донесена е Одлука за менување на изгледот на своето препознатливо лого. По повеќе од половина век, компанијата ќе го отстрани своето име од логото, каде како заштитен знак ќе останат само црвениот и жолт круг.

Со оваа промена, Mastercard се приклучува на повеќе брендови, како препознатливите Nike, Apple и други, чии маркетинг кампањи се базираат на визуелното лого, а не на пишаниот назив.

Mastercard, како компанија, во последниве години прави напори да се позиционира како најдобрата компанија за глобални плаќања. Компанијата, исто така, се обидува да се позиционира како технолошка компанија во индустријата на глобални плаќања.

Се верува дека 80% од луѓето го препознаваат логото на Mastercard, дури и кога во него не е напишано името на компанијата. Еден од директорите на компанија за маркетинг и услуги Metaforce, Ален Адамсон, изјави дека сликата нагласува многу повеќе од самите зборови.