Новости од е-трговија

Како веб страните за е-трговија можат да ја намалат својата емисија на јаглерод

 

Се предвидува дека емисиите на јаглерод низ целиот свет поради логистиката за е-трговија ќе достигнат 25 милиони тони (1) до 2030 година. Со оглед на тоа што климатските промени се важно глобално прашање, од трговците на мало во е-трговија се повеќе се очекува да обезбедат поодржливи решенија. Па, како да ги намалите емисиите на јаглерод на Вашиот бизнис со е-трговија? Овде ги разгледуваме причините што предизвикуваат емисии на јаглерод во е-трговијата и нудиме неколку решенија за намалување на емисиите на јаглерод за бизнисите со е-трговија.

Што предизвикува емисии на јаглерод во индустријата за е-трговија?

Пет активности кои ги зголемуваат штетните емисии на јаглерод во индустријата за е-трговија.

  • Несоодветно пакување

Продавачите често испраќаат производи во кутии со стандардна големина, со многу празен простор исполнет со непотребен материјал. Освен што создава отпад, пакетот зафаќа непотребен простор додека се транспортира, зголемувајќи го јаглеродниот отпечаток. Потоа, тука е прашањето за употребените материјали: кај конвенционалните материјали за пакување, како што е обвивката со меурчиња, пластиката што се користи е енергетски интензивна за производство и распаѓањето може да потрае со децении или дури и векови.

  • Импулсивни купувања

Веб страните за е-трговија често ги поттикнуваат потрошувачите да купуваат импулсивно, нудејќи попусти и награди. Иако тоа е очигледно добро за бизнисот, зголеменото купување води до зголемено производство и повеќе емисии на CO2.

  • Често враќање на нарачки

Кога враќањето на нарачките е бесплатно и едноставно, многу потрошувачи купуваат повеќе артикли, со намера да вратат неколку од нив. Се разбира, ова ги зголемува емисиите на јаглерод кои произлегуваат од дополнителниот транспорт при враќањето на производите.

  • Уреди со зголемена потрошувачка на енергија

Бидејќи е-трговијата се повеќе се одвива на мобилните телефони, на овие уреди им е потребна поголема компјутерска моќ и посилни батерии. Како резултат на тоа, е-трговијата помогна да се зголеми потрошувачката на енергија.

  • Огромни центри за податоци

Електронската трговија, исто така доведе до зголемување на количината на податоци што треба да се обработат, складираат и преземат. Ова резултираше со огромни центри за податоци кои трошат огромни количини на енергија – како и сервери за пресликување на одделни локации кои го зголемуваат проблемот.

9 начини како компаниите можат да ги намалат своите емисии на јаглерод

Добрата вест е дека има многу начини да ги намалите емисиите на јаглерод. Предлагаме девет начини кои ќе Ви помогнат да ја достигнете целта.

  1. Следете ги емисиите на јаглерод 

Првиот чекор за намалување на емисиите на јаглерод од Вашата веб страна за е-трговија е следење на емисиите на јаглерод. Тие се поделени на три различни типа (2): Опсег 1, Опсег 2 и Опсег 3. Опсег 1 е директната емисија на Вашиот бизнис, опсегот 2 ги опфаќа индиректните емисии од купената енергија (на пример електричната енергија) и опсег 3 се емисии произведени од други бизниси во Вашиот синџир на снабдување. На веб страната Greenhouse Gas Protocol (GHG) website ќе најдете насоки и алатки за пресметка на стакленичките гасови. 

  • Неутрализирајте ги Вашите емисии

Неутрализирање на јаглеродот значи учество или финансиска поддршка на проекти поврзани со климата, како што се обновливи извори на енергија или заштита на дождовните шуми, за да се компензираат емисиите на Вашиот бизнис. На пример, можете да го неутрализирате транспортот со јаглерод. Секогаш избирајте климатски проекти кои се сертифицирани со меѓународни стандарди.

  • Не користете хартија

Освен што ќе го намалите Вашиот јаглероден отпечаток, ќе заштедите дрвја, мастило и време. Префрлете се на поефикасни внатрешни системи без користење на хартија и испраќајте ја документацијата и сметките дигитално на клиентите.

  • Префрлете се на одржливо пакување

Користете ја амбалажата во вистинска големина за да заштедите на емисиите поврзани со отпадот и транспортот и заедно пакувајте ги нарачките од повеќе артикли. Погледнете ги материјалите за пакување за повеќекратна употреба, материјалиите кои се рециклираат или компостираат, како што се мицелиум од печурки или материјали базирани на алги или, ако на Вашиот производ навистина му е потребна пластична амбалажа, размислете за биоразградлива пластика. Префрлувањето на одржливо пакување може да Ви заштеди пари и да ги привлече и еколошки свесните клиенти.

  • Понудете еколошки транспорт

Инсистирајте на логистички партнер кој користи електрични возила (или оние што работат на биогорива, кога електричните возила не се соодветни), па дури и курири кои користат велосипеди. Вашиот добавувач, исто така, треба да ги оптимизира рутите за испорака, да понуди испорака без јаглерод и, кога воздушниот транспорт е од суштинско значење, да Ви овозможи да одберете одржливо авионски гориво (ОАГ). ОАГ е направен од алтернативи на суровата нафта, како што е маслото за готвење, измешано со млазното гориво и се произведува одржливо, со намалена трага од јаглерод во споредба со конвенционалното авионско гориво. Одржливите логистички практики можат да направат големо намалување на Вашиот сопствен јаглероден отпечаток.

  • Ефикасно управувајте со залихите

Ако имате доверливи добавувачи, размислете да се префрлите на управувањето со залихи Just In Time (JIT) (3). Идејата е да се елиминира отпадот и да се зголеми ефикасноста. Со JIT, суровините пристигнуваат колку што се потребни за производство или пристигнуваат залихи за да се задоволат потребите на клиентите – но не порано. Тоа значи дека имате многу малку залихи во Вашиот магацин, користите енергија за складирање и истите застаруваат. Усвојувањето на JIT може да Ви заштеди пари, да го намали отпадот и да ја зголеми Вашата оперативна ефикасност.

  • Инсистирајте на одржлив синџир на снабдување

Компаниите ја сфаќаат важноста на одржливоста во нивните синџири на снабдување. И не се работи само за подобрување на ефикасноста на синџирот на снабдување или за намалување на отпадот во синџирот на снабдување. На пример, Nike воведе индекс на одржливо производство и извори, кој ги проценува и рангира добавувачите врз основа на нивните еколошки перформанси (4). Можете значително да го намалите Вашиот јаглероден отпечаток само со соработка со добавувачи, кои се Ваши истомисленици.

  • Воведете иницијатива за кружна економија

Во кружната економија, производите и материјалите се чуваат во оптек преку процеси како што се одржување, повторна употреба, обнова, повторно производство, рециклирање и компостирање (5). Многу брендови воведоа свои иницијативи за кружна економија, вклучувајќи ја програмата Worn Wear на Patagonia, програмата Take Back на Ikea и стратегијата Three Loop на Adidas (6). Во зависност од Вашиот бизнис, и Вие можете да воведете програма за рециклирање, програма за повторна употреба или иницијатива за поттикнување на продажба од втора рака.

  • Намалете го враќањето на нарачки

Сè повеќе, бизнисите за е-трговија престануваат да нудат бесплатни повратни пратки. Иако оваа одлука е често водена од финансиските трошоци, таа треба да помогне и да ги одврати клиентите да нарачаат стоки што имаат намера да ги вратат и да го намали враќањето на нарачки во целина – а со тоа и ќе се намали јаглеродниот отпечаток на трговецот на мало. Други чекори што треба да се земат предвид се: подобрување на фотографијата на производите на Вашата веб-страна, овозможување подетални описи на производите, користење на зголемена реалност (AR) за да се покаже на клиентот како производот одговара или изгледа во нивниот простор и користење на демо видеа од производите. Сето ова ја намалува веројатноста дека клиентот ќе го врати Вашиот производ.

Се надеваме дека нашите девет начини како да ги намалите емисиите на јаглерод од Вашата веб продавница ќе Ви дадат многу за размислување. И запомнете, доколку се одлучите за некои од овие мерки, не мора да ги спроведете сите одеднаш. Наместо тоа, можете да се стремите кон постепено подобрување. Исто така, добра идеја е да бидете отворени со Вашите клиенти и да ги вклучите нив за прашања поврзани со одржливоста. Можеби тие имаат корисни предлози за Вас. Пред сè, редовно проценувајте ги и ревидирајте ги Вашите практики и ажурирајте ги, како што технологијата и најдобрите практики се развиваат.

 

—— 

Гостински текст на DHL Express Macedonia

Референци:

1 Statista

2 Digital commerce 360

3 Oracle Netsuite

4 Times of India

5 Ellen Macarthur Foundation

6 Sustainability Magazine