Новости од е-трговија

Како да употребите вештачка интелигенција во Е-трговија?

Како што знаеме, напредокот на е-трговијата како и во целиот свет, така и кај нас пред неколку години беше забрзан од страна на пандемијата и интензивната дигитализација. Со поголем број луѓе кои купуваат онлајн од кога било, сопствениците на е-продавници сега имаат можност да привлечат многу повеќе потенцијални клиенти, но во исто време можат да се соочат со многу предизвици.

Почнувајќи од сè поголемите барања на купувачите, зголемениот број прашања за корисничка поддршка, па се до обидите за измама, секој што поседува онлајн продавница треба континуирано да се информира за трендовите и актуелните проблеми во заедницата за е-трговија со цел да го заштити својот бизнис.

За справување со предизвиците и интензивираната работа, многу од е-трговците сè повеќе започнаа да се информираат и да ја употребуваат вештачката интелигенција во насока на олеснување на нивната работа, учење повеќе за своите купувачи преку податоци обезбедени од вештачката интелигенција, како и обезбедување на подобрено корисничко искуство.

Како вештачката интелигенција ја трансформира индустријата за е-трговија?

Според неодамнешните проценки, глобалната продажба на е-трговија ќе достигне 58,74 трилиони долари до 2028 година. Ова претставува значително зголемување од претходните години и укажува на зголемената популарност на онлајн купувањето. 

Ако ги гледаме статистиките по пол, разликата помеѓу процентот на машки и женски купувачи не го спречува здивот. 72% се жени, додека 68% се мажи.

 

Предноста на онлајн продавниците е во тоа што:

  • Тие се достапни 24/7 часа
  • Купувачите можат да го истражат производот и опсегот на цени од удобноста на нивните домови, или пак во движење
  • Купувачите можат да купуваат производи со само неколку кликања користејќи онлајн плаќање и тие да им бидат доставени преку пошта или карго

Во моментов во светот има  над две милијарди онлајн купувачи, и овој број континуирано расте. Но, сега кога имаат илјадници онлајн продавници за купување производи, купувачите нема да се задоволат со ништо помалку од совршено искуство за онлајн купување.

Ова е моментот каде што алатките со вештачка интелигенција можат да бидат корисни за сите видови на компании за е-трговија. 

Вештачката интелигенција има капацитет да придонесе многу повеќе отколку да се користи само како ,,интересна алатка’’ за компаниите. Тоа може да влијае на секој дел од вашиот бизнис за е-трговија, од управување со залихи до подобрување на услуги за купувачите.

87% од светските компании веруваат дека вештачката интелигенција ќе им даде конкурентна предност. Но, што ја прави вештачката интелигенција толку моќна? 

Способноста да се соберат и анализираат огромни податоци за да се анализираат однесувањата на онлајн купувачите и согласно тоа, да се преземат соодветни мерки.

Алатки за вештачка интелигенција за бизниси во е-трговија

Употребата на вештачката интелигенција во е-трговијата ја револуционизираше индустријата, нудејќи моќни алатки кои ги подобруваат искуствата на купувачите, ги оптимизираат работните операции и се борат со различни предизвици. 

Ова се некои основни алатки за вештачка интелигенција:

  • Системи за препорака

Системите за препорака користат алгоритми за заедничко филтрирање за да го анализираат однесувањето на купувачите, преференциите и историјата на купување. Со идентификување на сличностите во однесувањата  на купувачите, овие алгоритми предвидуваат производи за кои тие можат да бидат заинтересирани , обезбедувајќи  им персонализирани препораки.

  • Динамични алатки за цени

Овие алатки помогнати од вештачката интелигенција користат алгоритми за оптимизација земајќи ги предвид цените на конкурентите, трошоците за производство и побарувачката. Со анализа на податоци во реално време, овие алатки автоматски ги прилагодуваат цените на производите за да ја максимизираат профитабилноста, обезбедувајќи оптимална цена во секој момент.

  • Чет – ботови за услуги на клиентите

NLP (Обработка на природен јазик/ Natural language processing) е способност на компјутерската програма да го разбере човечкиот јазик како што се зборува и пишува. Чет-ботовите кои се достапни на многу е-продавници ја користат обработката на природен јазик за да разберат и да одговорат на барањата на купувачите Тие се справуваат со рутински задачи, одговараат на прашања на купувачите, обезбедуваат корисничка помош за време на неработни часови, па дури можат и да собираат повратни информации. Иако тие не се целосно самостојни,значително го намалуваат обемот на работа.

  • Алатки за сегментација на купувачи

Алатките за сегментација на купувачи управувани од вештачка интелигенција користат машинско учење за да ги анализираат податоците на купувачите и да ги идентификуваат сличностите. Со испитување на различни податоци, овие алатки создаваат точни сегменти на купувачи, овозможувајќи им на бизнисите да ги приспособат маркетинг комуникациите и стратегиите на одредени сегменти на публиката.

  • Паметни логистички системи

Паметните логистички системи користат IoT уреди како што се сензори, RFID ознаки и паметни полици за да соберат информации за нивоата на залиха и условите на производите во реално време. Овие податоци се користат за ефикасно управување со залихите, предвидување на побарувачката и оптимизирање на операциите на синџирот на снабдување, спречувајќи прекумерно трошење и подобрување на ефикасноста на производството.

  • Прогнозирање на продажбата и побарувачката

Алатките за прогнозирање со помош на вештачка интелигенција користат алгоритми за машинско учење за да ги анализираат податоците за продажбата во реално време, демографијата и различните надворешни фактори (на пр.: времето, прегледите на интернет). Ова им овозможува на бизнисите да прават точни предвидувања, да го подобрат управувањето со залихите, логистичкото планирање и стратегиите за цени.

  • Гласовно пребарување

Многу од е-трговците ја даваат можност за гласовно пребарување – а истото се постигнува со вештачка интелигенција и обработка на природен јазик. На овој начин, е-трговците обезбедуваат беспрекорно и ефикасно искуство за купување за купувачите кои претпочитаат гласовни интеракции.

  • Визуелно пребарување

Технологијата за визуелно пребарување користи алгоритми за препознавање слики и вештачка интелигенција за да им овозможи на купувачите да пребаруваат производи засновани на слики наместо на текст. Ова е особено корисно за купувачите кои можеби не знаат конкретни термини за пребарување, што им овозможува брзо и лесно да најдат соодветни производи.

  • Откривање и спречување на измами

Алатките за откривање измами користат алгоритми за вештачка интелигенција за да го анализираат однесувањето на купувачите, моделите на трансакции и повеќекратните параметри поврзани со идентификацијата на корисникот и информациите за кредитната картичка. Со разбирање на контекстот и откривање на неправилности, овие алатки ги идентификуваат и спречуваат потенцијалните измамнички активности, обезбедувајќи сигурни финансиски трансакции.

  • Автоматски генерирана содржина

Алатките со вештачка интелигенција за автоматско генерирање описи на производи користат техники за генерирање на природен јазик. Овие алатки ги анализираат спецификациите на производот и ги користат принципите за пишување содржини како AIDA (attention-interest-desire-action / внимание, интерес, желба, акција) за да создадат привлечна, единствена и оптимизирана содржина.

Можни пречки за имплементирање на вештачката интелигенција во e-трговијата и како да се справите со нив?

И покрај сите придобивки од вештачката интелигенција, постојат одредени пречки што ги спречуваат бизнисите да го реализираат својот целосен потенцијал.

Вашата вештачка интелигенција може да биде квалитетна базирана на квалитетот на вашите податоци. За да ги искористите придобивките од вештачката интелигенција во е-трговијата, проверете дали сите податоци на вашата компанија се во еден конзистентен формат. Ова е познато како „хармонизација на податоците“. Откако вашите податоци ќе се усогласат, тие може да се користат за прецизно прилагодување на постоечкиот голем јазичен модел (LLM) – алгоритам за вештачка интелигенција што користи техники за длабоко учење и големи збирки на податоци за разбирање, генерирање и предвидување на нова содржина – за да овозможи генеративна интелигенција.

Одржувањето на довербата на купувачите е критично. Само 17% од купувачите целосно им веруваат на компаниите да ги користат нивните податоци одговорно, а само 13% целосно им веруваат на компаниите дека етички користат вештачка интелигенција. Ова значи дека компаниите мора да бидат транспарентни во врска со собирањето податоци и како тие ги користат во деловното работење. 



Извори:
https://www.salesforce.com/blog/ai-in-ecommerce/

https://www.luigisbox.com/blog/ecommerce-ai/

https://www.bigcommerce.com/articles/ecommerce/ecommerce-ai/

https://www.shopify.com/blog/ai-ecommerce