+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

Како да креираш 30-дневен план за социјални медиуми

Без разлика дали штотуку сте започнале со менаџирање на социјални медиуми или сте некој што долго време го работи ова и менаџира повеќе профили одеднаш, креирањето план за социјални медиуми е одличен начин да си ја олесните вашата работа, да останете организирани и да добиете подобри резултати.

И иако креирањето на ваков план изгледа какомногу обемна работа, веруваме дека овој водич ќе успее да ви ја олесни 🙂

Што е маркетинг план за социјални медиуми?

Планот за социјални медиуми е планот што го креирате за да ја оптимизирате вашата стратегија.

Од ревизија на статистиките на вашите профили на социјалните медиуми до изработка на календар со сите содржини кои ќе ги објавувате, 30-дневниот план ќе ве држи организирани и смирени – наместо да правите сè веднаш и одеднаш.

И што е уште подобро, за да ви биде уште поедноставно, во овој блог пост во продолжение ќе видите дека креирањето на планот е поделено по недели.

Како да креирате план за социјални медиуми (кој можете да го користите постојано)

Спремни за да го креирате вашиот 30-дневен план за социјалн медиуми? Ви го предлагаме следното, поделено во недели:

  • Недела 1 (денови 1-7): Поставете нови цели и метрики 📊
  • Недела 2 (денови 8-14): Ревидирајте ги вашите профили на социјалните мрежи 🔎
  • Недела 3 (денови 15-21): Креирајте и изградете го вашиот календар со содржина која ќе ја објавувате 🗓️
  • Недела 4 (денови 22-30): Повторно ревидирајте ја и прилагодете ја вашата стратегија 🔁
Недела 1 (денови 1-7): Поставете нови цели и метрики 📊

Целите кои сакате да ги постигнете на социјалните медиуми се основата на која се гради вашиот план (и стратегија) за истите.

Целите го дефинираат типот на содржината што ја создавате и каденцата и го дефинираат вашето „зошто“. Значи, логично е вашите први седум дена да ги посветите за тоа да ги изберете вашите метрики за успех и да креирате долгорочни SMART цели:

S – Specific (специфични)

M – Measurable (мерливи)

A – Achievable (достижни)

R – Relevant (релевантни)

T – Timely (навремени)

Без разлика дали сакате да го подобрите ангажманот кој се случува на вашите социјалните медиуми или да изградите свесност за вашиот бренд, дефинирањето на овие цели и метрика со методот SMART ќе ви помогне да ја унапредите вашата стратегија.

Недела 2 (денови 8-14): Ревидирајте ги вашите профили на социјалните мрежи 🔎

Сега кога ја поставивте основата за вашиот план за социјалните медиуми, време е да откриете што функционира, а што не. Како? Со ревизија на социјалните мрежи.

Овој процес вклучува сеопфатна евалуација на вашите платформи за социјални медиуми, содржина и перформанси – без разлика дали имате само неколку објави или стотици.

Наш совет? Поминете ги првите неколку дена разгледувајќи: дали начинот на кој комуницирате е ист на сите социјални медиуми? Дали е очигледно за кој бренд се работи и што има да понуди тој бренд?

Во втората половина од оваа недела, разгледајте ја аналитиката на платформите за да видите како и дали се движите кон вашите цели.

Евидентирајте кои објави досега имале највисоки перформанси, каков текст сте користеле во тие објави, какви креативи сте објавувале и евидентирајте ги сите релевантни hashtags во тие објави.

Потоа, почнете да размислувате за тоа како можете да го реплицирате вашиот успех од овие објави.

PRO TIP: Ако почнувате од нула со водење на социјални медиуми, разгледајте ги сите овие работи кај брендови кои се слични со вас како би можеле да се инспирирате!
Недела 3 (денови 15-21): Креирајте и изградете го вашиот календар со содржина која ќе ја објавувате 🗓️

На крајот на краиштата, содржината е клучот за градење (и одржување) на вашата онлајн заедница – така што не е изненадувачки што содржината е најважниот дел за креирање на солиден план за социјални медиуми.

Посветете го првиот дел од оваа недела на изготвување календар за социјални медиуми, избирање на вашата содржина и дефинирање колку често ќе објавувате на секоја платформа.

Со ваков чекор однапред полесно ќе имате увид во вашата содржина за претстојната недела (или месец), ќе знаете каков тип на содржина треба да се креира и ќе оставите отворен простор доколку изненадно се појави тренд во кој можете да учествувате (популарен meme, Reel или TikTok)

PRO TIP: Преземете го овој бесплатен календар за социјални медиуми подготвен за употреба за успешно да ја насочите вашата стратегија за социјалните медиуми.

Следно, направете бреинсторминг и потоа започнете да создавате содржина – без разлика дали се работи за едукативни објави во Carousel, видеа во кратки форми за Reels или долги објави на LinkedIn.

Штом вашата содржина го достигне посакуваното ниво, честитки – тешкиот дел е официјално завршен.

Сега сте подготвени да го пополните вашиот календар и да ги закажете вашите објави, а голем дел од социјалните медиуми имаат едноставни опции за управување со овој дел.

Недела 4 (денови 22-30): Повторно ревидирајте ја и прилагодете ја вашата стратегија 🔁

И сега веќе се ближите до финишот на вашиот план за социјалните медиуми.

Последната недела се однесува на разгледување на перформансите на вашите објави и правење лесни прилагодувања за подобри резултати за објавите што планирате да ги објавите. Многу од платформите исто така имаат in-house метрики во самите апликации и според тоа, можете да оцените како перформираат вашите објави.

Без разлика дали сакате да ги зголемите вашите постоечки профили на социјалните медиуми или да започнете од нула, планот за социјални медиуми е првото поглавје што треба да го комплетирате за да постигнете супер резултати 🙂

Post a comment

I accept the Privacy Policy