62% од купувачите кои имаат проблем при checkout ги напуштаат своите кошнички

  • Според истражувањето на goMoxie, 40% од потрошувачите имаат потешкотии со извршување на едноставни процеси на веб-страниците за е-трговија. Повеќе од половина потрошувачи (62%) кои имаат проблем да ја остварат својата трансакција преку Интернет ја напуштаат својата количка, покажа истражувањето.
  • Истражувањето покажа дека потрошувачите на Gen Z биле дел од најголемиот процент (46%) од испитаниците кои имале проблем да завршат трансакција преку Интернет, проследено со millenials (41%), Gen X (40%) и baby boomers (33%) .
  • Резултатите од истражувањето покажуваат дека веројатноста е поголема дека потрошувачите се упатуваат кон конкурентските веб-сајтови наместо да побараат помош ако наидат на потешкотии на веб-сајтот од кој имаат намера да купат. Само 26% од испитаниците изјавиле дека се обратиле на одделот за грижа за корисници кога имале проблем, но 52% од дигиталните потрошувачи ја напуштиле веб-продавницата и се упатиле кон некој конкурент.

Бидејќи панемијата COVID-19 ги принуди оние трговци кои не се неопходни да ги затворат вратите, некои продавници, како што се Kohl’s и GameStop, забележаа скок во нивните операции за е-трговија. Пандемијата ја зајакна важноста на е-трговијата, како и ги изнесе на виделина нејзините ограничувања.

Со брзото наближување на празниците, трговците како Best Buy, Walmart и Target, воведоа свои денови на продажба преку Интернет што го отсликуваат оној на Amazon Prime Day, кој беше преместен во октомври. Во сезона за која што се очекува во голема мера да биде онлајн, неодамнешните откритија од goMoxie укажуваат на тоа дека трговците мора да го подобрат присуството на Интернет, во спротивно ќе изгубат клиенти.

И оваа сезона може да биде една од највлијателните за трговците. Неодамнешното истражување на PayPal покажа дека трговците зависат од продажбата за време на празниците со цел да можат да продолжат со продажба и во иднина, па така, планираат да продаваат на платформите на социјалните медиуми и преку онлајн пазарите.
“Потрошувачите не треба да имаат потешкотии за да ги остваруваат своите трансакции преку Интернет. За жал, многумина се соочуваат со потешкотии  и на крајот заминуваат”, рече извршниот директор на goMoxie, Ребека Вард. “Веќе видовме количини на интеракција со клиенти во малопродажба повеќе од двојно од година во година пред врвната сезона на празничен шопинг. Трговците треба да преземат чекори сега за да го водат секој клиент кон успех со цел да ги зголемат трансакциите, да го зајакнат задоволството и да ја искористат шансата за огромна продажба во текот на сезоната на празници во 2020 година и понатаму “.

 

Извор: RetailDive