Ја започнуваме новата работна недела со Бојан Јанески и Петар Исиров од TummyTox. Бојан и Петар ни кажаа нешто повеќе за тоа што е TummyTox, како е да се лансира една онлајн продавница за време на глобална пандемија и за учеството на TummyTox веднаш по лансирање на бизнисот во ‘најголемите’ денови за онлајн шопинг, Black Friday и Cyber Monday.
АЕТМ: Кажете им накратко на нашите читатели нешто повеќе за TummyTox. Од каде дојде идејата да понудите вакви производи на нашиот пазар и кој се може да ги користи истите?
Бојан Јанески и Петар Исиров: Најпрво, чест ни е што уште на самиот наш почеток станавме дел од Асоцијацијата за e-трговија на Македонија, а уште поголема чест ни е што сме поканети на ова интервју. На македонскиот пазар недостасуваше бренд со навистина ефикасни производи на природна база кои се тука да се погрижат за здравјето, имунитетот, убавината и формата. По неколкумесечното истражување на европскиот пазар, се одлучивме токму за TummyTox производите подади нивниот природен и ефикасен состав, како и поради позитивните коментари и искуства на клкенти низ цела Европа. Производите се за широка употреба, може да ги користат сите полнолетни лица (освен трудници и доилки, за кои ги препорачуваме само чаевите).
АЕТМ: Дали можете да ни опишете како успеавте да лансирате еден бизнис во време на глобална пандемија? Како течеше подготовката на вашата онлајн продавница; дали наидовте на многу потешкотии?
Бојан Јанески и Петар Исиров: Пандемијата дефинитивно ни го отежна и прологнираше почетокот, особено со собирање и поденсување потребната документација за сите производи. Бидејќи се работи за додатоци во исхрана, потребно е да се исполнат повеќе услови заедно со соодветна документација за производите. Без да навлагаме премногу во деталите, поради пандемијата се беше многу побавно и покомплицирано од вообичаено, но, со малку поголеми напори, успеавме да завршиме со регистрацијата и да ја лансираме нашата онлајн продавница во октомври 2020. Проблеми со подготовката на нашата онлајн продавница немавме, благодарение на веб дизајнерот со кој имаме одлична комуникација и соработка.
АЕТМ: Од вашите Facebook и Instagram профили може да се забележи дека вашата онлајн продавница била дел од ‘најголемите’ денови за онлајн шопинг, Black Friday и Cyber Monday. Како се одвиваше продажбата за време на овие два дена, дали продуктите им беа особено атрактивни на купувачите во тој период?
Бојан Јанески и Петар Исиров: Да, бевме дел од “шопинг манијата” за Black Friday и Cyber Monday. Заинтересираноста за овие денови беше огромна поради намалувањата, иако тогаш се уште бевме на самиот старт, веруваме дека добро се подготвивме. Задоволни сме како поминаа тие шопинг денови и уште сега правиме планови за следните. Нашата визија е дека за успех на една нова, мала компанија е неопходно да се следат светските трендови кои ги наложува глобалната е-трговија.
АЕТМ: ТummyTox производите се нудат единствено преку вашата е-продавница. Дали сте размислувале за пласирање на производите преку друг канал на продажба; кои се вашите приоритети во моментов, a што би можеле да очекуваат вашите постоечки и потенцијални купувачи во иднина?
Бојан Јанески и Петар Исиров: Покрај сите потешкотии кои ги создаде пандемијата, таа сепак драстично ја зголеми е-трговијата, со што се зацврсти нашата одлука за на почеток да стартуваме само со онлајн продажба. Само што почнавме со продажба во еден од најголемите онлајн shopping mall-ови во Македонија, Grouper, а со уште неколку сме во преговори. Засега сме фокусирани исклучиво на онлајн продажба, но не ја исклучуваме можноста и за проширување во физички малопродажни места.
АЕТМ: За крај, дали мoжете ли да ни откриете што е последната работа што ја купивте онлајн и какво беше вашето искуство? Што ќе им препорачате на оние кои сѐ уште (ако има такви) не го искусиле онлајн купувањето?
Бојан Јанески и Петар Исиров: Бидејќи сме по здравиот живот и по вежбањето, откако затворија фитнес центрите, неопходно беше да си купиме тегови за да се одржи формата и во карантинот. Искуството беше одлично, го добивме тоа што го очекувавме и беше експресно доставено. Препорачуваме на сите македонски граѓани да се намали скептицизмот кон интернет купувањето, кое секако енормно се зголеми во 2020. Трендот со онлајн купувањето нема намера да запре ни по пандемијата, напротив тој само ќе оди напред додека не стане секојдневие во општеството.