Instagram Reels Template: нова опција на Instagram!

Instagram штотуку ја објави опцијата Reels Template – ова е game changer за било кој што ги употребува Reels како дел од својата маркетинг стратегија!

Со Reels Templates, можете брзо да ги копирате тајмингот на веќе постоечки Reel – а со тоа заштедувате многу време и напор.

Претходно, кога стануваше збор за синхронизирање на звук со видео – мораше да ги погодите должините на клиповите што се потребни за синхронизација со одредено аудио и мануелно да ги приспособите вашите клипови. Но, со Reels Template, креирањето Reels штотуку стана многу поедноставно 🙌

Што се Instagram Reels Templates?

Овие templates им помагаат на креаторите да синхронизираат звук со видеа со тоа што на местото на видеата кои се веќе дел од некој постоечки reel, тие можат да ги стават своите видеа.

Се што треба да направите е да ги ставите вашите фотографии или видеа во постоечкиот темплејт – и работата е завршена! Доколку се уште немате пристап до оваа опција, stay tuned – таа наскоро ќе биде достапна за се повеќе корисници.

Како да ги користите Reels Templates?

Добрите вести се дека Reels Templates се многу лесни за употреба!

За Reels за кои има достапен темплејт, се појавува стикер кој вели “Use template” веднаш над името на креаторот на тој Reel.

Алтернатива на ова е да кликнете на менито со три точки од десната страна и да кликнете на “Use as template”:

Откако ќе кликнете на тоа копче, ќе ги забележите временските ознаки за секое видео кое е сместено во еден Reel. Кликнете на “Add media” за да ги замените веќе постоечките видеа со ваши сопствени видеа или фотографии.

И that’s it, толку е лесно!