Instagram Reels: што следи во 2022?

На кратките видеа, особено на Instagram Reels, сериозно им тргна од рака оваа година.

И тоа е затоа што Reels се прикажуваат кај сите што користат Instagram, не само кај корисниците кои ве следат.

Уникатниот формат на видеата им помага на бизнисите и креаторите да станат вирални и да поттикнат голем раст на нивната заедница, и токму поради тоа многу корисници сакаат да бидат дел од овој раст.

Она што дефинитивно не е забележливо се знаци на забавување на Reels во 2022 година, па така, Later споделуваат 7 предвидувања за 2022 година.

Адам Мосери, извршниот директор на Instagram, неодамна спомена дека Reels се „сè уште доста назад“ кога станува збор за кратки видеа – особено кога се споредуваат со TikTok.

„Имаме многу простор за подобрување“, рече Мосери на своите Instagram Stories.

Со оваа изјава, можеме да очекуваме големи унапредувања на Instagram Reels во новата година.

Што можеме да очекуваме:

  1. Понапреден Reels алгоритам
  2. Унапредување на Reels Shopping
  3. Reels ќе бидат огромен дел од Instagram апликацијата
  4. Естетиката на Instagram Reels ќе биде поизразена
  5. Reels ќе има посебен идентитет од TikTok
  6. Нови функции за едитирање и интерактивни филтери
  7. Нови стимулации за креаторите

#1 Понапреден Reels алгоритам

Ако работите со социјалните медиуми, знаете дека алгоритмот на Инстаграм е мистерија.

И алгоритмот Instagram Reels не е ништо поразличен. Она што се знае за алгоритмот на Reels е дека помалку ги прикажува неквалитетните видео содржини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Instagram’s @Creators (@creators)

Сепак, сè уште не се знае точно како функционира алгоритмот на Reels.

Сепак, едно нешто што го знаеме е дека се чини дека не е толку напреден како алгоритмот на TikTok – кој може да препознае интерес кај корисникот и во најмала мера, и да прикажува релевантна содржина кај корисниците.

Ако Instagram сака да остане конкурентен во 2022 година, веруваме дека апликацијата ќе имплементира некоја од практиките на TikTok – со поголема персонализација и диверзификација на видеата што ги прикажува на корисниците.

#2 Унапредување на Reels Shopping

Купувањето на Instagram Reels ќе достигне нови нивоа во 2022 година – и за брендовите и за креаторите.

Во текот на последните 12 месеци, функциите за е-трговија на Instagram доживеаја големо унапредување, вклучително и Instagram Shop секцијата, Instagram Checkout и можноста брендовите и креаторите да означуваат производи на Instagram Reels.

Исто како и стикерите на Instagram Stories , претпоставуваме дека ќе има слични стикери за Reels.

#3 Reels ќе бидат огромен дел од Instagram апликацијата

Ако мислевте дека Instagram не може да ги интегрира Instagram Reels повеќе од она што се сега – размислете повторно!

Инстаграм веќе го направи Reels центар на почетната страница – но Later веруваат дека ќе има уште понапредна Reels интеграција.

Со фокусирањето на Instagram на видео, голема е веројатноста дека апликацијата ќе се придвижи кон Reels-first пристап.

Ова може да значи дека кога корисниците ќе ја отворат апликацијата Instagram, прво ќе ја видат страницата за разгледување на Instagram Reels со опција да се префрлат на главниот feed.

Всушност, Instagram веќе започна да прикажува full-screen преглед на Reels на главниот feed, слично на она што го гледате на TikTok.

Ако Reels-first пристапот се оствари, се смета дека ќе има промена во видот на содржината на Instagram Reels што ја создаваат корисниците. Очекуваме да видиме повеќе длабински, стратешки видео содржини кои поддржуваат кампањи, лансирања и градење заедница.

Reels обично одат рамо до рамо со обичните објави како дел од поголема стратегија. Но, со промена на форматот, можеби ќе почнеме да гледаме дека Reels го добива идентитетот на класичен пост.

Некои креатори на содржини како @olivianoceda веќе го прифаќаат овој тренд:

Како што можете да видите, поголемиот дел од содржината на нејзиниот профил е Instagram Reels.

#4 Естетиката на Instagram Reels ќе биде поизразена 

Ако сте отвориле Instagram во последно време, веројатно сте забележале голем број на Reels чија естетика е одлична.

Еден тренд особено го зафати светот на Reels: прикажување на уредно наредени слики кои совршено се совпаѓаат со одреден ритам.

Instagram Reels има сосема поинаква атмосфера од TikTok – тој е значително повеќе организиран.

Ова е веројатно затоа што корисниците имаат тенденција да ги третираат Reels како продолжение на нивниот Instagram feed – особено затоа што тие можат да се споделат на тој feed.

Но, не е естетска само насловната слика на feed-от – туку и самите видеа.

Постојат дури и профили кои се исклучиво посветени на помагање на корисниците да ги уредуваат нивните Reels за да бидат естетски привлечни.

Но, исто како и сè на социјалните мрежи, трендовите доаѓаат и си одат со текот на времето – така што мора да се подготвите за пресврт.

Значи, иако очекуваме естетиката на Instagram Reels да биде атрактивна, тоа можеби нема да трае вечно. Она што може да се очекува е и да гледаме видеа што имаат помалку филтери, слично на она што го знаеме и го сакаме на TikTok.

#5 Reels ќе има посебен идентитет од TikTok

На почетокот, трендовите на TikTok кои се пренаменуваа за Instagram забележаа голем успех.

Сега, Instagram Reels станува се помалку клон, и се повеќе создава свој идентитет – особено во видот на содржината што корисниците ја споделуваат.

На TikTok, се работи за создавање оригинални видеа, експериментирање и создавање забавна и едукативна содржина.

На Instagram Reels, содржината моментално е повеќе насочена кон трендовите, со силен фокус на видео содржини кои прикажуваат атмосфера.

Најверојатно е дека брендовите и креаторите на крајот ќе ги третираат TikTok и Reels како две посебни платформи со посебни стратегии за содржина.

Ако Instagram сака да го промени видот на содржината што се споделува на платформата, воведувањето нови алатки и функции за уредување ќе биде од огромна помош – што води до  следното предвидување за 2022 година.

#6 Нови функции за едитирање и интерактивни филтери

Не може да се негира дека TikTok владее кога станува збор за функциите за уредување видео – можете да ги совладате транзициите, да уредувате поединечни видеа, па дури и да ја корегирате бојата на вашето видео.

Од тука доаѓа фактот дека на опциите за уредување на видеа на Instagram Reels им треба сериозно унапредување.

Предвидуваме дека Instagram во 2022 ќе ја објави можноста за уредување видеа во ритам на музика.

Веќе има некои корисници кои го забележале ова како тест на нивните сметки. Функцијата за која се шпекулира се нарекува „Dancify“ :

Дополнително, се очекува пораст на интерактивните филтри кои ќе станат дел од Reels.

Веќе гледаме многубројни филтри за вештачка интелигенција (првично популарни во Instagram Stories) кои стануваат вирални на Reels.

Предвидувањето на Later е дека ќе има уште повеќе во 2022 година.

#7 Нови стимулации за креаторите

Очекуваме да видиме сериозен притисок за Reels да биде go-to избор за креаторите на платформата.

Instagram веќе почна да се поврзува со креаторите со бонус програмата Instagram Reels Play .

Бонусите на Reels Play им дозволуваат на креаторите да заработуваат пари директно од Facebook и Instagram за создавање содржина.

Во моментов, оваа програма е достапна само за неколку креатори, така што очекуваме да видиме дека Инстаграм ќе го објави ова за повеќе, ако не и за сите креатори во 2022 година.

Исто така, се забележува дека алатката Instagram Collabs расте во популарност на „Instagram Reels“ – особено затоа што е од корист и за креаторите и за брендовите.

И тоа е сè – ова се сите предвидувања на Later за Instagram Reels за 2022 година.

Извор: Later.com