Новости од е-трговија

Instagram: 6 маркетинг трендови што треба да ги знаете во 2022

Подгответе се, бидејќи многу работи ќе се случат на Instagram во следните 12 месеци.

Купувањето на производи предизвикано од инфлуенсерите и креаторите веројатно ќе го револуционизира начинот на кој купуваме онлајн, хронолошкиот ред на објавите е подготвен за comeback, и подгответе се за многу повеќе прикажување на suggested содржини. Ова е само почетокот!

Спремни да бидете еден чекор пред останатите? Ова се 6 најголеми маркетинг трендови на Instagram што треба да ги знаете во 2022 година:

  1. Feed полн со suggested објави, како и враќање на хронолошкиот ред на објавите
  2. Споени видео формати
  3. Е-трговија предводена од креаторите
  4. Особини на брендовите
  5. Видео memes
  6. Карактеристики за ангажман на заедниците

Тренд #1: Comeback на хронолошкиот ред на објави и suggested содржини

Your eyes don’t lie: хронолошкиот ред на објавите може да се врати многу наскоро!

Што значи ова за Instagram во 2022 година? Later.com претпоставуваат дека ќе има нов Home feed што ќе ви дозволи да одберете дали сакате да ги гледате објавите со опција: „Предложено за вас“ и хронолошки ред на објавите на оние кои ги следите.

Тренд #2: Видео форматите ќе се спојат

Instagram веќе го спои IGTV во Feed Videos – но Later.com претпоставуваат дека ќе има порационализирана видео понуда на Instagram во 2022 година.

Со оглед на тоа што сè уште во игра feed видеа, Reels и Instagram Stories, голема е веројатноста Instagram да се придвижи кон поунифициран пристап.

Всушност, Later веќе забележале извештаи дека Instagram тестира вертикален приказ на Instagram Stories.

Изгледа слично на Reels, нели? Очигледно е дека овој нов формат сè уште се тестира – но, откако го видовме, не е премногу тешко да се замисли дека ќе постои еден простор за приказ на видеа што ќе ги обедини обичните видеа, Reels и Instagram Stories.

Тренд #3: Е-трговијата предводена од креаторите и инфлуенсерите ќе го промени начинот на кој купуваме

Ако мислевте дека Instagram се претвора во платформа за шопинг, подгответе се, бидејќи сè уште ништо не сте виделе. Зошто?

Затоа што во 2022 година, Instagram ќе ја воведе својата affiliate алатка за креатори, што ќе обезбеди значителен паричен поттик за инфлуенсерите од сите големини (nano, micro, mid-tier, macro & mega инфлуенсери) да продаваат производи во име на брендови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Instagram’s @Creators (@creators)

Претставувањето на опцијата за affiliate приходи (засновани на провизија) на Instagram ја отстранува потребата од сложени договори – што го прави инфлуенсер маркетингот на апликацијата многу полесен за сите да се вклучат.

Instagram е подготвен да направи „Creator Shops“ (Продавници за креатори) достапни за повеќе корисници на платформата – обезбедувајќи нова дестинација за инфлуенсерите и креаторите да ги прикажат производите од брендовите што ги сакаат (додека заработуваат провизија од продажбата што ја поттикнуваат).

Тренд бр. 4: Подем на Brand Personalities

Помина времето кога на Instagram беше важно единствено да се споделуваат естетски убави слики. Сега, апликацијата е дом на нешто многу повлијателно: заедница и разговор; Instagram го враќа „социјалното на социјалните мрежи.

Значи, што значи тоа за брендовите и креаторите? Накратко, тоа значи дека е време да ја прикажете личноста на вашиот бренд, без разлика дали тоа значи вие лично да се појавите на Stories на Instagram, да го искажете вашето мислење преку Instagram Captions или да бидете креативни пред камерата за Instagram Reels.

На Later, член од нивниот тим се вклучува на Instagram Stories секоја недела со цел да сподели некои клучни сознанија во врска со трендовите на социјалните медиуми. Тоа е неформално, разговорно и полно со личност.

Како резултат на тоа, тие се поврзуваат на подлабоко ниво со нашите најангажирани следбеници – градејќи посилно чувство за заедница и охрабрување на ангажманот.

Тренд #5: Владеење на видео memes

Memes засекогаш ќе бидат рецепт за инстант успех – но во 2022 година, тие ќе бидат главната тема.

Видео memes се исто како статичните memes – нешто апстрактно, смешно или слатко што се поврзува со следбениците – но овојпат, во подинамичен формат кој предизвикува повеќе ангажман.

Погледнете како овој видео meme од профилот на Instagram на Later ‘s генерира над 124K прегледи со стапка на досег од 33%:

„Еволуцијата кон видео memes е природна прогресија“, вели Мел Меккечни, менаџерот на социјалните медиуми на Later.

„Видео memes овозможуваат подлабоко да се навлече во шегите и да се раскаже поголема приказна во нов формат. Исто така, ја задржува вашата публика на објавата подолго време, чекајќи нова релатибилна објава.“.

Бидејќи Instagram продолжува да ги приоритизира кратките видеа пред сите други формати, видео memes претставуваат голема шанса за вирален успех.

Тренд #6: Нови и подобрени функции за ангажман во заедницата

Кога станува збор за поттикнувањата за разговор, никој не го прави тоа како што го прави Instagram.

Од реакции со emojis до интерактивни стикери, Instagram знае како да иницира разговор и да изгради заедница – и ова е една предност што нема да ја компромитира во 2022 година.

Значи, што би можеле да видиме во следните 12 месеци? Прво, Later предвидуваат дека стикерите (како што е стикерот Question) ќе навлезат во Reels. Дополнително, се очекува дека одговорите на коментарите ќе станат попривлечни и интерактивни – со можност за одговарање преку видео или гласовна порака. (Ова можеби ви е веќе познато од TikTok)

Instagram е извонреден канал за комуникација и ако сакате да успеете во 2022 година, време е да ги засукате ракавите, да излезете пред камерата и да дозволите вашата личност да блесне.

Колку е подинамична, лична и попривлечна вашата содржина, толку подобро!

Извор: Later.com