Новости од е-трговија

Instagram влегува во е-трговијата преку новата апликација “IG Shopping”

Instagram подготва премиера на нова мобилна апликација. Целта е да се олесни купувањето на интернет од мобилните уреди. Тест верзијата на носи име IG Shopping и ќе им овозможи на корисниците брзо и лесно да изберат производи од различни колекции. Сите производи се во согласност со нашата активност на Instagram и се создадени од модни компании и производители кои ги сакаме и следиме во својот профил. Предноста на IG Shopping е дека ќе ни овозможи купување директно од мобилната апликација.

Над 25 милиони претставници на бизнисот регистрирале свои сметки во Instagram каде ги промовираат своите стоки и производи. Приближно 2 милиони од нив се огласувачи, откако 80% од корисниците следат барем еден омилен бизнис во својот профил.

Ова е само првиот чекор, бидејќи IG Shopping со текот на времето може да стане најпосакувана платформа за рекламирање на новите производи на трговците.

Се уште не се знае како ќе изгледа интерфејсот и кога може да се очекува официјалната премиера на IG Shopping. Нејзиниот развој е сеуште во тек, но сепак тој може и да се откаже пред да излезе на виделина. Но, постојат голем број на извори кои се запознаени со нејзиниот развој и велат дека Инстаграм верува во себе дека е добро позициониран за да направи голема експанзија во е-трговијата.

Извор: bankarstvo.mk