Новости од е-трговија

И оваа година се одржува најголемиот настан за е-трговија во БиХ под мотото “Let’s do eCommerce: Lead the Innovation”

На 17 април 2025 година, Сараево ќе биде домаќин на еCommerce конференцијата Let’s do eCommerce beyond boundaries, која ја организира Асоцијацијата за интернет трговија eComm во Босна и Херцеговина. Овој веќе традиционален настан ќе ги обедини водечките експерти, претприемачи и иноватори во е-трговијата за да ги споделат најновите трендови, предизвици и можности во индустријата.

Во изминатите години, конференцијата се истакна со импресивна посетеност – над 700 учесници, 50 говорници од 14 земји од регионот и ЕУ. Оваа година очекуваaт уште поголем успех, со збогатена програма која вклучува:

  • Еднодневна конференција со врвни говорници и панели.
  • VIP настан за ексклузивно вмрежување.
  • EXPO зони, каде иновативните компании ќе ги претстават своите решенија.
  • eComm Awards – награди за најдобрите веб-продавници.
  • Интерактивни работилници за практични вештини и стратегии во е-трговијата.

Главни теми на конференцијата

  • Регулаторни промени во Босна и Херцеговина и нивното влијание врз е-трговијата.
  • Успешни соработки меѓу брендовите и инфлуенсерите во регионот.
  • Најдобри практики за одржлива логистика и достава како конкурентска предност.
  • Технолошки решенија што го менуваат начинот на онлајн купување.

Дознајте повеќе за настанот и резервирајте го вашето место со 20% попуст со користење на кодот ECOMM20 на: https://konferencija.e-commerce.ba/

Поврзани содржини