How to: SEO за вашата е-продавница

Search engine optimization или оптимизацијата на веб-пребарувачите е практика на оптимизирање на вашиот веб-сајт за да се појавувате почесто на врвот на резултатите што ги даваат овие пребарувачи.

Што е целта на SEO? Целта е да го зголемите вашиот ранг на појавување на овие пребарувачи – да сте први што ќе се појавуваат кога корисниците бараат работи што се релевантни за вас и вашиот бизнис.

Ранг на веб-пребарувач според клучен збор
Ранг на веб-пребарувач според клучен збор

 

SEO може да изгледа збунувачки на почетокот, па затоа еве водич што ќе ви помогне да започнете.

SEO процес
SEO процес

Спроведете истражување за клучни зборови

Прво што треба да направите е да направите истражување за тоа кои се клучните зборови кои што се релевантни за вашата е-продавница. Ова истражување е основата на SEO. Тоа е процес на идентификување кои клучни зборови луѓето ги внесуваат во пребарувачите за да го пронајдат она што им треба.

За да започнете со истражување на клучни зборови, ставете се во улога на вашите купувачи и поставете си ги овие прашања:

• Што бараат тие?

• Кои се зборовите што ќе ги користат за да ги најдат вашите производи и услуги?

• Како тие би ја побарале вашата е-продавница на интернет?

Откако ќе имате идеја за тоа како вашиот целен пазар ќе ве пребарува, тогаш ќе знаете кои клучни зборови да ги користите. Друг начин за наоѓање клучни зборови е да ги погледнете оние што ги користат вашите конкуренти. За да го направите ова, можете да користите алатка за истражување на клучни зборови како Ahrefs.

Ahrefs – алатка за SEO

 

За да дознаете кои клучни зборови ги користат вашите конкуренти, едноставно одете на Ahrefs’ Site Explorer и внесете го веб-сајтот на вашиот конкурент. Одете во горниот панел за да видите кои страници носат најголем сообраќај кон нивниот веб-сајт. Тука можете да ги видите главните клучни зборови што се користат.

Идеалните клучни зборови за цел имаат голем обем и мала конкуренција. Ова значи дека просечниот месечен обем на пребарување на клучниот збор е висок, а резултатите од барањата се ниски.

Ако штотуку започнувате со вашата е-продавница, таргетирањето клучни зборови кои се малку подолги можеби е најдобро за вас. Овие клучни зборови поспецифични – тие се непопуларни клучни зборови со мал обем на пребарување и голема варијација. Тие немаат голем волумен, но барем имаат мала конкуренција.

Кратки клучни зборови vs. долги клучни зборови
Кратки клучни зборови vs. долги клучни зборови

 

На пример, клучниот збор „медитација“ е главен збор бидејќи добива 211 илјади пребарувања месечно. Клучниот збор / фраза „дали медитацијата може да те направи попаметен“ е клучен збор со “долга опашка“ бидејќи добива само 50 пребарувања месечно и е поспецифичен.

Погрижете се вашите наслови (headings) да содржат клучни зборови

Вашиот Heading 1 наслов е една од најприоритетните фрази на вашата е-продавница. Не само што му кажува на читателот, туку им кажува и на веб-пребарувачите што содржи вашиот веб-сајт. Затоа, многу е важно правилно е да го оптимизирате вашиот Нeading 1 наслов.

Што се headings? (заглавија)
Што се headings? (заглавија)

Погрижете се да ги вклучите вашите клучни зборови не само во насловот Heading 1, туку и во насловите Heading 2. Ова ќе го олесни рангирањето на вашиот веб-сајт во пребарувачите.

Избегнувајте „пренатрупување“ со клучни зборови

Иако е логично ако клучните зборови помагаат вашата е-продавница да се рангира подобро на веб-пребарувачите да ги користите колку што може повеќе, тоа сепак не е најдобрата практика.

Премногу користење на клучни зборови се нарекува keyword stuffing. Можеби звучи како паметна работа, но всушност повеќе му одмага на вашето рангирање отколку што помага. Google и другите пребарувачи ги казнуваат веб-локациите што се preнатрупани со клучни зборови. Стремете се природно да ги користите вашите клучни зборови.

Клучните зборови што ќе ги изберете треба да бидат релевантни за вашата веб-страница со цел вашите посетители да имаат добро корисничко искуство

Оптимизирајте ги алтернативните имиња на датотеките (Alt Text)

Алтернативен текст се користи за да се опише изгледот или функцијата на слика на еден веб-сајт. Алтернативниот текст е начин на кој пребарувачите „разбираат“ една слика и како таа е поврзана со вашата содржина, затоа погрижете се правилно да ги опишете вашите слики. Исто така, треба одвреме-навреме да внесувате клучни зборови во описот на сликата за да се рангирате подобро на веб-пребарувачите.

Алтернативен текст
Алтернативен текст

 

Покрај алтернативниот текст, исто така е важно да ги оптимизирате имињата на датотеките, ова често се занемарува од страна на многу е-продавници. Наместо да ги користите стандардните имиња на датотеките – на пример, „IMG_1002.jpeg“ – погрижете се да ги именувате на начин што ќе им помогне на пребарувачите да разберат што има на сликите.

Направете ја вашата е-продавница mobile friendly

Веб-страницата погодна за мобилни телефони е дизајнирана да биде правилно прикажана на мали екрани (т.е. телефони или таблети). Стандардните веб-локации што се појавуваат на десктоп компјутерите навистина не се прикажуваат добро на малите екрани.

Во 2020 година, повеќе од 4 милијарди луѓе пристапиле на интернет преку мобилен телефон. Тоа е над 90% од светската интернет популација. Ова е причината зошто Google им дава приоритет на е-продавниците кои се оптимизирани за мобилни телефони.

Осигурајте се дека вашата е-продавница го приоритизира пристапот од мобилен телефон. Можете да проверите како изгледа вашиот веб-сајт на телефон во секое време преку Responsinator.

Responsinator.com - проверка како изгледа вашиот веб-сајт на мобилен уред
Responsinator.com – проверка како изгледа вашиот веб-сајт на мобилен уред

 

Ова ќе помогне за зголемување на вашиот ранг на веб-пребарувачите.

Оптимизирајте ја брзината на вашата е-продавница

Веб-страниците што се вчитуваат во рок од две секунди имаат просечна стапка на отскокнување од 9%. Ако веб-страницата се вчитува пет секунди, стапката на отскокнување се зголемува на 38%. Ова значи дека вашата е-продавница треба да биде целосно оптимизирана за да се вчита што побрзо.

Проверете ја брзината на вашиот веб-сајт
Проверете ја брзината на вашиот веб-сајт

 

Кога веб-пребарувачите ќе видат дека вашата е-продавница има висока стапка на отскокнување, тие ќе го намалат вашиот ранг. Со цел да го избегнете ова, постојат многу веб-сајтови на кои можете да ја проверите брзината на вашиот – Pingdom е еден од нив.

Кога луѓето не остануваат на вашата веб-страница, се имплицира дека тоа е локација со низок квалитет што не вреди да се рангира високо

SEO е одржлив и ефикасен начин за „носење на сообраќај“ кон вашата веб-страница. Тоа ви помага да станете видливи на вашиот целен пазар со помалку потрошен буџет за реклами. Користете клучни зборови како начин да ги насочите корисниците кон вашите е-продавници и вашата содржина.

Good luck на вашиот SEO journey 🚀