Google постојано бара начини за подобрување на работата, па една од новитетите е поставување линк за онлајн купување под YouTube видеата. Опцијата е моментално во фаза на тестирање, а линковите наскоро би можеле да ги насочуваат корисниците кон Google Express, каде ќе можете да ги купите саканите производи.
Така новиот тип на реклама веќе се појавил под некои видео содржини на компанијата Nike, а корисниците со кликнување на понудените линкови се пренасочуваат на локации каде што можат да ги направат саканите купувања. Се повеќе продавачи се приклучуваат на платформата Google Express, па новите начини на рекламирање може да привлечат повеќе клиенти. Google добива одреден дел од сите производи кои се продаваат преку Express платформата, а приходите од 2018 година се околу една милијарда долари.
Post a comment