Новости од е-трговија

Го лансиравме модулот за испорака во рамки на бесплатната едукативна веб платформа „ecommerce4all.mk”

Една од најважните алки во синџирите на процесите за е-купување и е-продавање е доставата. Таа е клучна за развој на еден бизнис во областа на е-трговијата, па токму поради тоа го лансиравме модулот број 3 од дигиталната платформа ecommerce4all.mk кој е посветен на испораката, и преку кој се прикажани сите услови и можности кои ги нудат компаниите за испорака во Република Северна Македонија. Покрај тоа, детално ќе ве запознаеме со процесите на увоз и извоз при купување преку интернет.

На ниво на Република Северна Македонија постојат 40 активни регистрирани пошти кои се под надлежност на националното регулаторно тело во областа на поштенските услуги, Агенцијата за пошти на РСМ. Од нив, 9 пошти покрај со домашна, работат и со меѓународна испорака.

Секој корисник на поштенски услуги има право на универзална услуга која се обезбедува со утврден квалитет по пристапни цени на целата територија на Република С.Македонија.

Овој модул се ланисира со цел на едно место да ги прикаже сите компании за достава во Северна Македонија, каде транспарентно ќе се прикажат ценовниците и можностите за испорака на пратки што ги нудат, што ќе доведе до зголемена конкурентност и транспарентност за локалните компании за е-трговија и крајните клиенти.

Дополнително, преку овој модул, а во соработка со Царинската управа на Република Северна Македонија, детално ги опишуваме целосните постапки за увоз и извоз и споделуваме информации за сите оние компоненти кои ви се потребни за успешно комплетирање на овие процеси.

Детално опишување на процесите за правилен увоз и извоз при онлајн нарачки

 

Во делот на понуда и можности на интерактивен начин преку филтри ќе можете да ја најдете и одберете соодветната компанија која ги задоволува потребите за испраќање на вашата пратка. 

 

Параметри за потребите на твојата пратка
Параметри за потребите на твојата пратка

 

Инаку, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија преку интернет платформата „ecommerce4all.mk“ едуцира за безбедно и легално онлајн продавање и купување, намалување на сивата економија, зголемување на конкурентноста на постоечките е-трговци и отворање на нови е-продавници. Веб платформата е дел од иницијативата „E-commerce for All”, која се реализира со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.