Новости од е-трговија

Германија: Е-трговијата во 2021 вредна 99 милијарди евра

Германската е-трговија помина низ силен раст во 2021 година. Бруто-продажбата на производи за е-трговија изнесувала 99,1 милијарди евра, што е раст од 19% во споредба со 2020 година. Речиси секое седмо евро што е достапно за германските потрошувачи за трошоци за домаќинствата е потрошено на производи купени онлајн.

The development of ecommerce in Germany.
Развојот на е-трговијата во Германија

Во 2020 година, е-трговија во Германија била вредна 83,3 милијарди евра, што е раст од 14,6% во споредба со претходната година. Така, растот од 19% годинава е значително поголем. Кога ќе се пресметаат дигиталните услуги, вкупната вредност на е-трговијата достигнува дури 107,1 милијарди евра.

Е-трговијата стана „новото нормално“

Значителниот раст на бруто-продажбата на производи во германската е-трговија покажува дека е-трговијата стана „нормална“ во земјата, според Асоцијацијата за е-трговија Bevh. „Ковид-19 пандемијата продолжува да го става општеството и трговијата во вонредна состојба, но дигиталната трговија враќа малку нормалност со сигурно снабдување со производи.

„Трговијата без е-трговија е незамислива“

Е-трговијата сè повеќе се доживува како нормална и вообичаена. Нејзиниот раст се стабилизира на високо ниво по големиот отскок на почетокот на пандемијата, што покажува дека придобивките од е-трговијата, како што се поголемиот избор и подобрата услуга, се тука да останат. Трговијата без е-трговија е веќе незамислива, ниту за потрошувачите ниту за трговците.“, објаснува Геро Фурххајм, претседател на Bevh.

Зголемена фреквенција на нарачки

Најмалку 96,3% од купувачите биле „задоволни“ и „многу задоволни“ од нивните нарачки. Дополнително, 40,9% од испитаниците изјавиле дека нарачале онлајн повеќе од еднаш во изминатите седум дена. Во 2020 година, овој процент изнесувал 39.7%. „Никогаш досега германските купувачи не купувале толку многу производи онлајн и во исто време не изразиле толку високи нивоа на задоволство“.

М-трговијата расте

Добри 40% од сите продажби од е-трговијата во Германија биле генерирани на мобилни уреди во 2021 година, бидејќи обемот на продажба на мобилната е-трговија се зголемил за 56,5% на 39,9 милијарди евра. Во 2020 година, продажбата генерирана од мобилни уреди била 28,1 милијарди евра, што е една третина од целата продажба на е-трговија.

Обемот на продажба на м-трговијата се зголемил за 56,5% во 2021 година

The Future of Mobile Commerce | Industry Today
М-трговија

Ова покажува дека е-трговијата која се одвива преку мобилни уреди е во пораст кај германските потрошувачи. Во два од три случаи, млади од 14 до 29 години ги купувале своите производи преку паметен телефон или таблет. Интернет пребарувачите и онлајн продавниците остануваат како првични информативни канали за купувачите да можат да донесат одлука за е-купување, но тие се проследени од социјалните медиуми и мобилните апликации.

Трговците кои продаваат исклучиво онлајн доживуваат раст од 18%

Во третиот квартал од 2021 година, веќе стана очигледно дека со директните продажби (D2C), производителите можеле најмногу да ги зголемат своите продажби. Повеќеканалните трговци забележале раст на продажбата од 16,7% во 2021 година. Нивниот раст не бил толку силен како оној на трговците што вршат продажба исклучиво преку интернет – тие достигнале раст од 18,4%.

Кога се гледа каде се направени најмногу купувања, со бруто-продажби од 50,5 милијарди евра, повеќе од секое второ евро во германската е-трговија е потрошено на онлајн пазари. Намирниците, производи од аптеките и залихите за домашни миленици сè уште се сè попопуларни онлајн производи со зголемување на продажбата од 36,4%.

Бруто продажба над 110 евра во 2022 година

За следната година, германската асоцијација за е-трговија Bevh очекува дека е-трговците дополнително ќе ја зголемат својата продажба. За 2022 година, организацијата претпоставува дека продажбата на стоки ќе се зголеми за 12% и ќе генерира бруто продажба од повеќе од 110 милијарди евра.

„Важно е да не се ограничува развојот на нашата индустрија со законодавството“

„Многу ја поздравуваме посветеноста на новата влада за дигитализација и е-трговија во Германија. Сега е важно да не се ограничи неразумно развојот на нашата индустрија преку еднострани оптоварувања, прекумерен формализам и страв од нејзиниот успех содржан во законодавството. Би сакале да имаме храброст да се фокусираме на иднината на е-трговијата наместо да ги зачуваме традиционалните структури – во Германија и во Европа“.

Еcommerce News