Новости од е-трговија

Fossil зборува за нивниот троцифрен раст на е-трговијата

За својата заработка Fossil наведе дека нивната веб страна која е оптимизирана и за посети од мобилен телефон и ажурираниот процес за checkout им помагаат во одржувањето на нивниот раст. Брендот исто така напомена дека продажбата преку каналите за е-трговија како Amazon, Tmall, JD.com и други доживеала раст од 21% за време на овој квартал, но овој раст бил намален од Amazon во САД и Европа поради приоритизирањето на есенцијалните добра и поместување на Prime Day подоцна во годината.

Од март, брендот забележал постојан троцифрен раст на е-трговијата. Компанијата очекува целиот нејзин дигитален бизнис, вклучително и нивниот веб сајт и продажбата преку трети лица да стане околу една третина од вкупната продажба до крајот на 2020 година.

За Fossil, продажбата преку нивниот веб-сајт за е-трговија и продажбата преку ‘трети лица’ како Amazon и Tmall се префрли од 13% од мешавината на продажба на компанијата во вториот квартал од минатата година на скоро половина оваа година, забележа компанијата од последната квартална заработка.

„Ние ги забрзавме нашите инвестиции во е-трговија во последните 18 месеци и само што ја имплементиравме нашата најсовремена платформа што е многу скалабилна“, рече Коста Карцотис, претседател и извршен директор на Fossil. „Системот е многу агилен, високо автоматизиран и значително ја зголемува нашата способност да градиме поголеми и поангажирани заедници преку персонализација, автоматизација и употреба на податоци во е-трговијата“.

Извор: Retail Dive