Новости од е-трговија

Едукативно предавање на АЕТМ во рамки на Global Entrepreneurship Week

Глобалната недела на претприемништво е прослава на иноваторите и креаторите на работни места кои лансираат стартапи кои реализираат идеи, поттикнуваат економски раст и ја прошируваат човечката благосостојба. Во текот на една недела секој ноември, GEW ги инспирира луѓето насекаде преку локални, национални и глобални активности создадени со цел да им помогнат да ги истражат своите потенцијали како самостојни иноватори.

Овој ноември, глобалната недела на претприемништво се одржа онлајн. Учество зема и АЕТМ; проектниот менаџер Марија Ристовска и Генералниот Секретар Виктор Стојкоски одржаа едукативно предавање за бенефитите на е-трговијата и можностите кои ги овозможува нашата Асоцијација за е-трговија на Македонија за бесплатна едукација на оваа тема. Заедно со присутните се разговараше за традиционалната трговија наспроти е-трговијата, растот на онлајн купувањето во нашата земја, особено за време на глобалната пандемија и за едукативната платформа ecommerce4all.mk.

Поврзани содржини

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.