Во текот на 2024 година, Асоцијацијата за е-трговија на С. Македонија (АЕТСМ), во соработка со компанијата Visa, го повтори успешниот проект „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси“, кој имаше за цел да ја зајакне е-трговијата и вештините поврзани со дигиталниот маркетинг, да ја зголеми понудата во секторот за е-трговија и дополнително да придонесе кон намалување на сивата економија. Станува збор зa поддршка нa 20 домашни микро, мали и средни компании кои што имаа можност да аплицираат за бесплатно отворање на своја е-продавница. Компаниите можеа да одлучат дали сакаат да отворат своја е-продавница во рамки на некоја од постоечките домашни маркетплејс платформи или пак, преку свое софтверско решение. Повикот беше насочен кон компании кои не ги нудат своите производи или услуги за онлајн продажба, но сакаат да започнат со тоа.
Како прва активност во рамки на оваа иницијатива беше организацијата на нетворкинг информативна сесија каде компаниите кои беа заинтересиран да аплицираат на повикот можеа да се запознаат со сите услови за учество, како и со понудите кои ги нудат компаниите партнери на инцијативата за отворање на е-продавници (ИТ компании и маркетплејс платформи).
Дел од атмосферата на инфо сесијата
Како резултат на промотивните активности за јавниот повик и инфо сесијата, вкупно 89 компании ги поднесоа своите апликации. Од пријавените компании, 79 влегоа во вториот круг на селекција каде индивидуално тричлена жири комисија, составена од претставници од Visa, АЕТСМ и претставник од бизнис секторот, ги оценија апликантите и избраа 20 компании кои добија поддршка за отворање на е-продавници.
Логоа од поддржаните компании
Со оглед на тоа што како едни од најголемите предизвици кај помалите компании за отворање на е-продавница како нов продажен канал се ниското ниво на дигитални вештини и наоѓањето на соодветен кадар, поддршката од Јавниот повик се однесуваше и на зајакнување на дигиталните вештини на поддржаните компании.
Согласно ова, АЕТСМ организираше еднодневен практичен семинар за зајакнување на дигиталните вештини поврзани со маркетинг во е-трговија. Овој семинар, насловен „Сѐ за е-трговија“, опфати теми како „Одржлива маркетинг стратегија за бизниси за е-трговија“ и „Анализа на маркетинг канали и нивни слаби и силни страни“.
Дел од атмосферата на семинарот
Присутните учесници на семинарот
Инаку, отворањето на е-продавниците на избраните апликанти се одвиваше во текот на јуни и јули 2024 година. Седум од поддржаните компании одлучија да отворат своја е-продавница во рамки на некоја од постоечките маркетплејс платформи, додека останатите 13 компании отворија е-продавници со сопствено веб решение.
Проектот донесе значајни придобивки за микро, малите и средните компании во С. Македонија. Неколку од бенефитите кои ги добија компаниите се: отварањето на своја е-продавница, зајакнати дигитални вештини за маркетинг во е-трговија и реализирање на првите онлајн продажби. Со ова допринесуваме за зголемена понуда во е-трговија во Република С. Македонија и го демонстрираме потенцијалот на е-трговијата.
Новите е-продавници може да се погледнат и поддржат со купување на некои од нивните производи, преку следните линкoви:
Vivene by Homax | Производи за дом и градина | ananas.mk/prodavnica/vivene-by-homax |
MACHIQUE jewelry & more | Занаетчиство, изработка на накит | ananas.mk/prodavnica/machique-jewelry |
Nutricoach | Нега и одржувае на телото | ananas.mk/brendovi/nutricoach |
РАДОСТ рачни изработки | Рачни изработки | ananas.mk/prodavnica/atelje-radost-racni-izrabotki |
Линкести | Машка облека | ananas.mk/prodavnica/linkestida |
Кимов | Авто мото производи и производи за телефони и фотогафија | ananas.mk/prodavnica/kimov-dooel |
Книги | Продажба на книги, образование | ananas.mk/prodavnica/bookbox |
Dokowski Spa | Салон за убавина и козметички производи | dokowskiclub.mk |
Оптика Орбис | Оптика | optikaorbis.mk |
АЦТ! и ПРАКСИС | Консултантски услуги | act.com.mk |
Фото Студио Моби Арт | Продажба на фотографска опрема и електроника | mobyart.com.mk |
Welcome Baby | Продажба на производи за деца | welcomebaby.mk |
РЕИКИ | Енергетски техники во алтернативна медицина | reiki.mk |
Бубе Студио Ин | Козметика за професионална нега на коса | bubein.mk |
Power Cleaning | Професионални средства за чистење и дезинфекција | bovimark.mk |
Hana Pet Shop | Производи за домашни миленици | hanapetshop.mk |
Delicorner | Увезени преработки на храна со додадена вредност | delicorner.mk |
SilverMoon | Продажба на часовници и накит | silvermoon.mk |
Biocentar | Продажба на додатоци во исхана, здрава храна, козметика | biocentar.mk |
Lavirint | Продажба на книги и печатени материјали | lavirint.mk |
АЕТСМ и Visa и понатаму ќе продолжат да ја поддржуваат дигиталната трансформација и развојот на е-трговијата во Македонија, носејќи нови можности за раст и просперитет на домашните компании.