fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

E-трговијата во ЕУ: 4 регулаторни промени што ќе влијаат на брендовите

Во ЕУ, сѐ се менува кога станува збор за е-трговија. Од промените на ДДВ и предложените дигитални даноци за Велика Британија на работ на „Брегзит“, има многу работи на кои што треба да се внимава. Овие промени помагаат во растот на прекуграничната продажба и пристигнуваат во време кога купувањето преку Интернет во Европа продолжува да расте. Прекуграничната продажба остварила приход од 95 милијарди евра во 2018 година, според тимот на Ecommerce News Europe. Прекуграничните приходи учествуваат со 22,8% од целата продажба на Интернет во таа година.

Според нашата Министерка за финансии, ко-основач и извршен директор на Групер.мк, Нина Ангеловска: „Растот не е еднаков меѓу нациите. Водејќи се според податоците од DPDGroup од Конференцијата на ОН за трговија и развој, Ангеловска забележува дека Велика Британија продолжува да е лидер кога станува збор за е-трговија и нуди најдобри можности за брендовите во е-трговијата. Не само што Велика Британија е рангирана на првото место во подготвеноста за развој на електронската трговија, туку земјата има и најголем просечен број на е-купувања по глава на жител – 10,8.” – вели Министерката за Scalefast.

Без разлика дали размислувате да влезете на пазарот или веќе сте воспоставен играч во Европа, еве што треба да знаете за водењето на е-бизнис во ЕУ во 2019 година.

  1. Заканата за приближувањето на Брегзит повторно излегува на површина

Позицијата на Велика Британија како центар на европската е-трговија е под закана. Новиот премиер на земјата, Борис Џонсон, кој што е про-брегзит ориентиран, постојано напоменува дека земјата ќе ја напушти ЕУ до крајниот рок, 31 октомври.

Во случај на Брексит, Алон Ајзенберг од Trusted Shop верува дека Велика Британија ќе ги изгуби сите четири слободи на ЕУ: слободното движење на стоки, работна сила, капитал и услуги.

„За е-трговија, ова би значело дека стоките од Велика Британија нема да се продаваат директно во ЕУ, туку од трета, надворешна земја во ЕУ“, пишува Ајзенберг. „Затоа, царинските давачки би се зголемиле, што ја прави е-трговијата со ЕУ поскапа за трговците на мало во Велика Британија“. Ајзенберг особено им укажува на британските модни трговци, кои имаат големи бази на клиенти на континентот, дека би можеле да ги загубат во однос на некој конкурент од земја-членка на ЕУ, бидејќи одеднаш земјите-членки ќе имаат нова конкурентна предност: цената.

2. ЕУ го поедноставува ДДВ-то, но ги менува правилата и за е-пазарите

Во текот на последните неколку години, ЕУ се согласи да ги поедностави правилата со кои се регулира ДДВ-то, за продажбата на физички производи во рамките на ЕУ. Почнувајќи од 2021 година, онлајн трговците на мало ќе треба да се регистрираат и да наплаќаат ДДВ во една земја-членка, наместо да бараат локален број за идентификација на ДДВ за секој клиент. Ова треба значително да ги поедностави и намали административните трошоци за наплата на ДДВ и за малопродажба и за ЕУ.

„Правилата за ДДВ исто така се менуваат и кај е-пазарите”, јавуваат од Блумберг. „Исто така, почнувајќи од 2021 година, од е-пазарите како Amazon и eBay ќе се бара да наплаќаат ДДВ од клиентите во рамките на ЕУ. Онлајн-компаниите ќе треба да наплаќаат ДДВ дури и ако трансакциите се одвиваат преку магацини со седиште во ЕУ, според регулативите за спроведување донесени на 11 декември 2018 година од страна на Европската комисија“, известуваат тие.

3. Дигиталниот данок на продажба најверојатно нема да постои

ЕУ се чини дека целосно ги отфрли плановите за дигитален данок на продажба. Брендовите за е-трговија треба да им се заблагодарат на Ирска, Шведска и Данска. Хорхе Валеро од ЕУРАКТИВ известува дека овие три земји ги принудиле министрите во ЕУ да го укинат предлог законот за дигитален данок, во корист на изнаоѓање на глобално решение за оданочување на дигиталните компании.

Иако предложените даноци можеби немаат директно влијание врз брендовите за е-трговија, брендовите скоро сигурно ќе го почувствуваа ефектот на еден или на друг начин. Главните цели на данокот беа компаниите како Гугл и Амазон, преку кои многу брендови за е-трговија се потпираат на продажба и рекламирање. Како клиенти на овие технолошки компании, брендовите за е-трговија на мало, ќе го почуствуваа влијанието на дигиталните даноци, во форма на повисоки цени за прикажување на Гугл или воопшто, цени за рекламирање.

4. Новите правила за достава ја олеснуваат прекуграничната трговија

Нови правила во врска со прекуграничните испораки беа донесени во март 2018 година, со цел да се подобри онлајн продажбата помеѓу земјите-членки на ЕУ. Подобрувањето на ценовната транспарентност беше една од клучните цели. Европскиот парламент наведува дека новите правила го вклучуваат следново:

  • И потрошувачите и компаниите за електронска трговија ќе можат да ги пронајдат најдобрите зделки за достава (во поглед на цена, брзина, услови) на конкретна веб-страница
  • Доставувачите мора да им обезбедат на клиентите јасни информации за цените и условите.
  • Податоците ќе ги соберат националните поштенски организации за да го следат пазарот.

Крис Мартинез на значењето забележува дека овие промени се особено зајакнувачки за малите и средни бизниси- трговци на мало: „Помалите е-продавачи честопати немаат моќ за договарање кога преговараат за цената на испорака. Сега, продавачите во е-трговијата со седиште во ЕУ, без разлика дали се мало, средно или големо претпријатие, можат да имаат корист од објективни фактори што ќе го диктираат пазарот. Тие веќе не треба да се плашат дека ќе имаат различна цена, ако не можат да си дозволат да исполнат поголем број нарачки “.

ЕУ е голем и комплициран пазар. Затоа се исплаќа како партнер да се има платформа за електронска трговија. Внесувањето или работењето во Европа не мора да биде главоболка ако работите со Scalefast. На следниот линк можете да дознаете повеќе за тоа како да го развиете вашиот бренд во Европа.

Извор: Scalefast.com

 

 

Post a comment