Промените се дел од нашето секојдневие. Како ние ќе се соочиме со истите и дали успешно ќе се справиме, зависи од нашата адаптабилност. За полесно да носиме одлуки и одбереме кој е нашиот следен чекор, довербата е таа која што го прави процесот поедноставен.
Во светот на дигиталната продажба важат истите правила. Дали е-продавницата ќе биде успешна и ќе прави продажби зависи од кредибилитетот на истата. Довербата е една од основните вредности од која зависи дали купувачите ќе направат нарачка.
За да стекнеме доверба, најчесто поставуваме некои основни фактори кои треба да бидат задоволени. Е-продавниците својата доверба ја градат преку:
1. Транспарентни информации
2. Коментари од клиенти
3. Безбедни опции за плаќање
4. Одговорна поддршка за корисници
5. Беџови за доверба
Доколку се приоритизираат овие фактори, е-продавницата поставува и одржува доверба кон своите купувачи и истите тие фактори го зголемуваат задоволството, лојалноста и успехот на бизнисот во компетитивниот онлајн пазар.
Во е-трговијата Беџовите за доверба претставуваат визуелни гаранции за кредиблитетот и безбедноста на веб страната. Вообичаено може да ги забележиме логоата на Visa или Mastercard кои сигнализираат безбедно плаќање. Беџовите како SSL сертификатите, укажуваат на шифриран пренос на податоците, поттикнувајќи доверба за заштитата на податоците.
За сѐ ова да се поедностави ние, како Асоцијација за е-трговија воведовме “Беџ за верификуван е-трговец”, кој може да го добиете со пополнување на онлајн апликација во која одговарате дали ги исполнувате основните законски услови за работење во е-трговија.
Што е Беџ за верификуван е-трговец?
Беџот е визуелна ознака која ќе биде поставена на веб страниците на домашните е-продавници, ќе им помогне на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект.
Оваа ознака ја доделува АЕТСМ откако одредена е-продавница ќе аплицира за Беџ за верификуван е-трговец, а потоа и ќе се провери и потврди дека бизнисот ги исполнува сите потребни критериуми во согласност со правилникот за Беџ.
Која е вредноста на Беџот за верифукуван е-трговец?
Основната вредност на Беџот е гаранцијата што им ја дава на потенцијалните клиенти. Во средина каде што преовладуваат сајбер заканите и загриженоста за приватноста, Беџот означува безбедно опкружување за купување.
Беџот придонесува да се зголемат стапките на конверзија и влијае на однесувањето на купувачите:
- Зголемена доверба: Беџот го гради кредибилитет со тоа што покажува дека трета страна ја потврдила безбедноста и доверливоста на страницата.
- Намалување на напуштањето на кошничката (cart): Беџот потврдува дека личните информации и информациите за плаќање се безбедни.
- Зголемување на продажба: Беџот придонесува купувачот да се чувствува сигурно и да направи успешно купување и повторно да сака да се врати.
Со растењето на е-трговија потребата за Беџот се повеќе се истакнува. Неговата улога да ги оддели кредибилните е-продавници од нерегистрираните кои се дел од сивата економија станува се позначајна.
Беџот е следниот чекор кој ќе ви помогне да не заостанувате со промените и да бидете пред конкуренцијата.
Повеќе информации за тоа како да се стекнете со Беџ за верифукуван е-трговец ќе најдете на нашата веб страна www.ecommerce.mk/badge