[Маркетинг] Copywriting совети од професионален copywriter

Сакате да видите како на едноставен начин да го промените вордингот на почетната страна на вашата е-продавница и да ги претворите напуштените колички во успешни продажби?

Во овој пост ќе разгледаме неколку примери од landing pages на неколку компании кои ги ре-обработуваат Marketing Examples и професионалниот copywriter Ени Мегваер. Во примерите кои ќе ги видите, на левата страна се наоѓаат постоечки реклами на компании, додека на десната страна се наоѓаат преправените примери.

Се надевам дека овие примери ќе ви помогнат да видите како размислува еден професионален copywriter и дека ќе ги имплементирате во вашиот маркетинг 🙂

1.Everydae – онлајн платформа за едукација со гемификација (именувана за една од топ 25 иновативни едукациско-технолошки компании во светот)

Everydae - онлајн платформа за едукација
Everydae – онлајн платформа за едукација

 

Ова е реклама за нивен подготвителен курс наменет за ученици кои треба да се подготвуваат за SAT тест. Ставете се на местото на учениците. Нив не ги интересира дали курсот е „Next-generation SAT подготовка“. На нив им е важно да го надмашат тестот и да добијат добри резултати, па оттаму произлегува ” Acе the SAT”.

Во визуелниот дел се додадени и мали, но значајни слики од ученици кои го употребиле курсот – со тоа се додава real feel и human touch на оцената од 5 ѕвезди.

2. Banquist – платформа за онлајн курсеви од професионални готвачи. 

На оваа платформа го одбирате посакуваниот курс, ви се доставува кутија со потребните состојки за готвење, и потоа гледате чекор-по-чекор видео прирачник предводен од готвач со Мишелин ѕвезда со цел да го усовршите одбраниот курс.

Banquist landing page copywriting
Banquist – платформа за курсеви за готвење

 

Ова е уникатен продукт – и токму поради тоа треба да се дозволи производот да збори сам за себе. Оттаму произлегува десниот copywriting пример.

3. Dormio – чаеви за лесен сон

Dormio landing page
Dormio – чаеви за лесен сон

 

Купувачите купуваат поради резултатите што би ги добиле, а не поради производот. Што е попривлечно:

А) Смирувачки чај

Б) Смирувачки чај кој ви помага да се релаксирате, да се опуштите и да одите во длабок сон?

4. JobBoardSheet – апликација за организирање на вашата работа

JobBoardSheet landing page

Нивното сегашно copy e јасно и невпечатливо – лесно да се заборави. По разгледување на нивната страна произлегува овој текст:

Get a fully functional job board in 10 minutes without writing code or paying $1000.

Тоа е многу поконкретно. И се справува со четирите клучни поенти кои се важни за клиентот во една реченица: квалитет, време, едноставност и трошок.

5.Silva – светло за спортски активности

Silva landing page
Silva – светло за спортски активности

 

Најпрво, „Trail Runner Free“ е многу збунувачки и општо. Дали е тоа производот? Дали се работи за нешто бесплатно?

Исто така, нема емоционална привлечност. Луѓето не се возбудуваат од лампата како производ. Тие се возбудуваат од нови авантури, како што е напишано во примерот десно.

6. Socios – апликација за фанови на спортови и е-спортови

Socios - апликација за фанови на спортови и е-спортови
Socios – апликација за фанови на спортови и е-спортови

 

Навивачите на фудбалот не ги интересираат токени, анкети и награди. Тука треба да се адресира вистинскиот “проблем“ – навивачите сакаат нивниот глас да биде чуен, а со вакво copy тоа може да се реши.

7. Counterweight Creative – компанија за креирање на подкасти

Counterweight Creative landing page
Counterweight Creative – компанија за креирање на подкасти

 

Ова copy ветува, но неговиот wording е нејасен и не се чуствува реално. Во десниот пример се заменети сите нејасни зборови со конкретни зборови кои и даваат поголемо значење на услугата.

8. Haako – изнајмување на велосипеди

Haako copywriting
Haako – изнајмување на велосипеди

 

Тука повеќе се работи за ново оформување на сегментот отколку пишување на нов текст. Не можете да очекувате луѓето да ги привлече огромен текст за да го разберат вашиот производ. Во десниот пример се кондензира нивниот текст во една реченица и се додава фотографија со цел да се оживее услугата за изнајмување на велосипеди.

9. Ladybird – автошкола

Ladybird driving school landing page
Ladybird – автошкола

 

Уникатноста на автошколата Ladybird е тоа што сите нивни инструктори се жени. Затоа, секогашѝ истакнувајте ги информациите кои ве прават поинакви од другите.

Напишете го copy-то кое само ВИЕ можете да го напишете.

Поврзани содржини