Новости од е-трговија

Балкански Самит за е-трговија: Зајакнување на иднината на дигиталниот бизнис!

Е-трговијата претставува еден од најдинамичните сектори во бизнис светот, како во регионот на Балканот, така и на глобално ниво. Растот на онлајн-продажбата, поддржан од брзата дигитализација, промената во куповните навики и зголемувањето на достапните дигитални платформи, отвора нови можности за компаниите да го трансформираат начинот на кој работат и комуницираат со своите клиенти.

Во духот на поддршка на овој развој и поврзување на водечките играчи во индустријата, нашите партнери од Бугарија го најавуваат Балканскиот Самит за е-трговија 2025, кој ќе се одржи на 29 и 30 април во Арена Софија, Бугарија.

Под слоганот “Balkan Ecommerce Summit: Empowering the Future of Digital Business,” овој значаен настан има за цел да ги обедини најдобрите умови, компании и иноватори за два дена исполнети со панели, презентации и можности за вмрежување.

Настанот нуди можност да посетите изложба со над 200 компании и да ги откриете најновите достигнувања
во SaaS, логистика, дигитален маркетинг и онлајн-плаќања. Уживајте во ексклузивни панели водени од глобални експерти, кои ќе споделат вредни увиди за дигитална трансформација и иновации. Осигурајте  бизнис можности преку специјални приватни простории за состаноци со потенцијални партнери и
инвеститори. А за релаксација, тука е Балканската забава – вечер исполнета со музика и забава со врвни регионални артисти.

Настанот ќе биде збогатен со инспиративни излагања од врвни говорници кои се лидери во своите области. Ќе го слушнете Џеф Хофман, глобално признат претприемач и визионер, кој ќе го сподели своето искуство и ќе даде совети за успех. Паскал Брошие, стратег и експерт за водење мултинационални компании, ќе ви открие како да се постигне одржлив раст во глобални рамки. Ахмед Хасан, специјалист за дигитална трансформација на развојни пазари, кој ќе ги истакне можностите и предизвиците на оваа област. Дејвид Хензел, сериски претприемач и мотиватор, ќе ве инспирира со неговата визија и искуства.

Влезниците за Балканскиот Самит за е-трговија 2025 се достапни на официјалната веб-страница www.balkanecommercesummit.com.