Амазон вработува уште 100.000 работници поради интензивно користење на е-трговијата на глобално ниво

Amazon, il Prime Day si farà entro l'anno - La Stampa - Ultime notizie di cronaca e news dall'Italia e dal mondo

Амазон соопшти дека регрутира уште 100.000 работници – четвртa серија на вработување во САД оваа година – со цел да биде чекор вo чекор со побарувачката за е-трговија која навистина се зголеми за време на пандемијата.

Најголемиот светски продавач изјави дека позициите се за целосно и скратено работно време во САД и Канада, и тие ќе вклучуваат работни позиции во 100 нови магацини и оперативни простори кои се отвораат овој месец. Компанијата со седиште во Сиетл вработила 876.800 луѓе заклучно со 30 јуни, со исклучок на привремен персонал.

Веста ја одразува постојаната потреба на Амазон за работна сила за бирање, пакување и испраќање производи до домовите на купувачите, со пораст на приходите од 40% во последниот квартал и најголем профит во нивната 26-годишна историја. Во исто време ја шири автоматизацијата во своите најнови згради, рече Алисија Болер Дејвис, потпретседател на Амазон за глобално исполнување на клиентите.

„Ние ќе продолжиме да ја имплементираме и распоредуваме технологијата каде што е соодветно, почнувајќи од безбедносна перспектива“ и „ онаму каде што можеме да ја подобриме нашата целокупна работа“, вели Болер Дејвис.

Таа нема коментар за тоа дали автоматизацијата значи помалку работни места по складиште, но вели дека Амазон ги користи своите системи за соработка со луѓе.

Болер Дејвис, неодамна назначена во тимот за ‘senior leadership’ на Амазон, вели дека компанијата сè уште ги проценува потребите за сезонско вработување за зимските празници, на страна од овие 100.000 позиции што ги пополнува.

На почетокот на овој месец Амазон објави 33.000 отворени работни места за корпоративни и технолошки работници. Најави 100.000 и 75.000 нови оперативни работни места во март и април, соодветно со побарувачката поради отпуштање на луѓето од други бизниси за време на пандемијата covid-19.

Извор: EtRetail