Amazon продавниците без каси и касиери стигнуваат и во Европа

Празниците се најдоброто време кога ја разбираме потребата за онлајн купување, затоа што гужвите низ продавниците се огромни. Дури и да го најдете тоа што ви треба за кратко време, сигурно ќе “заглавите„ на каса. Amazon е првиот бренд кој успеал да отвори продавница во која нема каси. Ваквиот концепт ќе станува се популарен во иднина. 

Продавниците на Amazon во кои нема да има каси, туку купувачите сами ќе го земаат тоа што им треба и ќе си излезат од продавницата. Благодарение на бројните сензори, компјутерскиот вид и камерите се што ќе стават купуваќите во корпа се следи и се бележи и кога ќе ја напуштат продавницата, ќе им биде наплатено.

При влезот во продавница ќе треба да се регистрирате со сметка на Amazon за софтверот да знае за кого се работи и од која сметка на крајот треба да земе пари. Продавниците Amazon Go моментално се достапни во неколку американски градови. До 2021 година Amazon планира да отвори околу 3.000 такви продавници, а се чини дека Џеф Безос планира дел од тие продавници да бидат во Европа.

Според весникот The Telegraph, компанијата моментално бара соодветен простор во Оксфорд Циркус во Лондон и тоа би требало да биде главната продавница на Amazon во Велика Британија. Безос и Amazon моментално се во фаза на демонстрирање на својата технологија и веќе докажаа дека нивиот концепт е успешен, што значи дека наскоро може да преминат во фаза на отворање нови продавници.

Освен САД и веројатно Велика Британија, продавници без каси во наредните три години ќе се отворат и во други држави.

Поврзани содржини