Со цел зајакнување на меѓусебната соработка во областа на обезбедување на информации, едукација и поддршка на членовите на Aсоцијацијата со релеватни податоци за е-трговија, претседателката на АЕТМ Д-р Нина Ангеловска и Директорот на Државниот завод за статистика, г-дин Апостол Симоски потпишаа Меморандум за соработка.
Со потпишување на меморандумот двете страни се заложуваат заеднички да реализираат активности кои ќе придонесат за подигнување на свеста за значењето на е-трговијата за македонската економија, како и за надградба и прилагодување на методологиите за прибирање на статистички податоци за е-трговија и за креирање на појасна слика за нејзината вредност и обем. Меморандумот е клучен фактор за започнување на соработката помеѓу АЕТМ и ДЗС и подигнување на свеста за потенцијалот на е-трговијата, постигнување напредок на полето на прибирање и анализирање на релевантни податоци.
Првата заедничка активност е веќе закажана за петок, 08.07.2022 година, кога ќе се одржи тркалезна маса за подобрување на квалитетот на статистичките податоците за е-трговијата во Северна Македонија, на кој АЕТМ и ДЗС поканија претставници од релеватни државни институции, невладини организации и претставници од бизнис секторот да дискутираат за потребата од прибирање на точни и прецизни податоци за е-трговија, како и за можностите и начините на подобрување на методологиите за прибирање на истите и започнување на заедничка соработка со сите засегнати страни.