
Начинот на кој купуваме онлајн се менува. Ако порано одлуката најчесто се сведуваше на „плаќам веднаш или се откажувам“, денес новите модели на плаќање им даваат на купувачите поголема флексибилност, а на е-трговците нови можности за раст.
Едно од решенијата кое сè повеќе станува дел од оваа промена е BNPL (Buy Now, Pay Later) – модел кој им овозможува на корисниците да купат веднаш, а да платат подоцна или на рати.
Токму за тоа разговаравме со Маријана Недевска, комерцијален директор на ИУТЕ, во новата филијала на ИУТЕ, каде што бевме гости за ова издание на E-commerce Industry Talks. Разговаравме за тоа како BNPL го менува однесувањето на купувачите, што значи ова за е-трговците и како финансиските услуги стануваат сè подигитални.
BNPL ја менува одлуката за купување
Една од најголемите промени што ги носи BNPL е во психологијата на купувачот. Наместо прашањето „Дали можам да го платам ова веднаш?“, можноста за плаќање на рати ја намалува финансиската бариера и ја олеснува одлуката за купување.
За е-трговците тоа може да значи повисока конверзија, помалку напуштени кошнички и поголема просечна вредност на нарачката.
Во ИУТЕ Македонија, користењето на BNPL пораснало за 55% во текот на 2025 година.
55% раст на BNPL кај ИУТЕ Македонија во 2025 година
Ефектот е видлив и кај партнерите. Кај Supermart, просечната вредност на кошничката при BNPL купување е 3 пати поголема во споредба со плаќањето при достава.
За време на e-Shopping Week во април 2026 година, партнерите вклучени во кампањата оствариле 450 продажби во вредност од околу 90.000 евра за само една недела.
Покрај можноста за плаќање на рати, ИУТЕ им овозможува на партнерите промоција кон својата база на клиенти, брза исплата на средствата и преземање на ризикот за наплата.
„BNPL не ги тера луѓето да трошат повеќе. Туку им овозможува полесно да донесат одлука.“
Финансиските услуги стануваат mobile-first
Промената не се случува само во checkout процесот. Корисниците сè повеќе очекуваат финансиските услуги да бидат брзи, едноставни и целосно дигитални.
MyIute апликацијата во Македонија има над 235.000 преземања, а целиот процес – од идентификација и аплицирање до одлука и дигитално потпишување – може да се заврши преку мобилен телефон.
ИУТЕ денес има над 22.000 активни корисници на апликацијата во Македонија, а партнерската мрежа опфаќа повеќе од 1.000 физички продажни места и над 100 онлајн продавници.
„Луѓето денес очекуваат финансиските услуги да функционираат како Netflix или Uber – брзо и едноставно.“
Од lending компанија кон fintech екосистем
ИУТЕ започнува со работа во 2008 година со фокус на брз пристап до финансиски средства, а денес компанијата се движи кон поширок fintech екосистем.
Покрај кредитните производи и BNPL, преку MyIute се развиваат дигитален паричник, marketplace и дополнителни услуги како iuteCare – дигитален производ кој комбинира патничко осигурување, помош на пат, второ медицинско мислење и осигурување од незгода.
Целта е повеќе финансиски и секојдневни услуги да бидат достапни преку една апликација.
„Во иднина нема да користиме десет финансиски апликации – туку еден екосистем.“
Погледнете го целото интервју со Маријана Недевска, комерцијален директор на ИУТЕ, дел од серијалот E-commerce Industry Talks, каде разговараме за тоа како BNPL го менува однесувањето на купувачите, каков ефект има врз е-трговците и како се менува иднината на дигиталните финансиски услуги.