Новости од е-трговија

Digital Day 2026″All That Matters”: Kога сè е веќе премногу, што навистина заслужува внимание?

Во организација на IAB Serbia, овогодинешниот Digital Day доаѓа под слоганот „All That Matters“, со идеја во време кога дигиталниот свет создава повеќе информации, трендови и алатки од кога било досега – фокусот да се врати на она што навистина заслужува внимание.

Конференцијата ќе се одржи на 4 и 5 јуни во Hangar во Лука Белград и ќе собере повеќе од 700 претставници од брендови, агенции, медиуми и ad tech компании.

Програмата ќе се фокусира на теми кои во моментов го обликуваат пазарот – од вештачка интелигенција (AI), retail media и инфлуенсери, до доверба, креативност и промените во начинот на кој денес се комуницира онлајн = преку конкретни увиди, искуства и идеи кои можат веднаш да се применат во пракса.

Меѓу првите потврдени говорници се: Michael Corcoran (SLICE / ex Ryanair), Piera Toniolo (Dolce & Gabbana), Aarti Samani (Shreem Growth Partners), Roman Baltenau (Google) и Paul Thompson (Eskimi).

Конференцијата ја организира IAB Србија, дел од глобалната IAB мрежа и членка на IAB Europe, која веќе повеќе од 15 години преку настани, едукации, истражувања и индустриски иницијативи работи на развој на дигиталниот пазар.

Како партнери на оваа конференција, обезбедивме 15% попуст за нашата заедница со кодот: ECOMM15

За повеќе информации и билети за настанот можете да погледнете на: https://www.digitalday.rs/

Поврзани содржини

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.