Новости од е-трговија

Чадиковски: „Веруваме дека Apple Pay ќе биде катализатор за развој на е-трговија во Македонија“

По воведувањето на Apple Pay од страна на НЛБ Банка минатиот месец, од денес ова современо и безбедно решение за бесконтактно плаќање е достапно и за корисниците на Комерцијална банка.

Apple Pay овозможува лесно и сигурно плаќање преку iPhone, Apple Watch, iPad или Mac – без потреба од физичка картичка или готовина. Доволно е само да го доближите вашиот уред до терминалот за бесконтактно плаќање или да ја користите функцијата за плаќање во апликации и онлајн продавници.

Клиентите на Комерцијална банка сега ќе имаат можност да ги додадат своите картички во Wallet апликацијата и меѓупрвите да ја искусат иднината на бесконтактното плаќање, како онлајн – така и на сите други продажни места каде се прифаќа бесконтактно плаќање.

„За Комерцијална банка ова е уште еден доказ за нашата посветеност да бидеме предводници во дигитализацијата на банкарските услуги во Македонија. Континуирано инвестираме во најсовремени технологии кои им овозможуваат на нашите клиенти едноставен, безбеден и модерен начин на плаќање. Со Apple Pay, корисниците на нашите картички добиваат практична алатка која ги заменува физичките паричници и им овозможува безбедни трансакции преку нивните Apple уреди (телефон, часовник, таблет или компјутер). Но, пред сѐ, овој новитет значи поголема удобност во секојдневието, побрзи трансакции и дополнителна сигурност благодарение на биометриската заштита. На кратко, Apple Pay им носи на нашите клиенти комбинација од глобална иновација и локална достапност, овозможувајќи им да бидат дел од светските трендови во финтек услугите.“ – изјави г-дин Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки на Комерцијална банка.

Во однос на влијанието на навиките за плаќање кај македонските потрошувачи, особено во делот на е-трговијата, г-дин Чадиковски дополнува:

„Очекуваме Apple Pay значително да го промени начинот на кој македонските граѓани плаќаат – како во физичките продавници, така и онлајн во виртуелниот свет. Тие сѐ повеќе се навикнати на бесконтактни плаќања, а Apple Pay ја надградува оваа навика на ново, повисоко ниво. Благодарение на неговата безбедност, едноставност и брзина, Apple Pay ќе им даде дополнителна доверба на клиентите да вршат трансакции преку интернет, без страв од злоупотреба на податоците.

Во е-трговијата ова значи поголем број купувачи кои ќе изберат дигитален начин на плаќање наместо плаќање со готовина при достава. Тоа ќе ја поттикне и понатамошната дигитализација на трговците, бидејќи поголемата понуда на безбедни онлајн плаќања создава поголема конкуренција и подобро искуство за корисниците. Веруваме дека Apple Pay ќе биде катализатор за развој на електронската трговија во Македонија и ќе им помогне на клиентите полесно да преминат кон посовремен и побезбеден дигитален начин на плаќање.“

Планот за воведување на Apple Pay во Македонија предвидува по една банка месечно да се онбордира, со што граѓаните постепено ќе добиваат поголем избор и пристап до најсовремените дигитални решенија. Со овој потег, Комерцијална банка ја зацврстува својата улога на лидер во дигитализацијата на банкарството, носејќи светски трендови и локална достапност за своите клиенти.

Со оваа новина, Комерцијална банка ја зацврстува својата улога на лидер во дигитализацијата на банкарскиот сектор, овозможувајќи им на клиентите едноставен пристап до глобалните трендови во плаќањето.

Додадете ја вашата картичка во Wallet апликацијата и искусете ја иднината на бесконтактното плаќање уште денес – во продавници, апликации и онлајн!

Поврзани содржини