7 совети за компаниите кои планираат да бидат дел од глобалниот пазар

Ако сте дел од е-трговијата, светот е на дофат, а глобалниот маркет овозможува различни можности, поголема видливост но и зголемен број на продажби. Меѓутоа, за да станете дел од глобалниот пазар потребно е да се следат и имплементираат одредени чекори кои имаат потенцијал да донесат успех на е-компаниитe.

1. Зошто преминувате на глобално ниво

Пред да ја проширите вашата компанија на глобално ниво, најважно е да знаете зошто го правите тоа. Ова би значело да имате јасни податоци дали вашите продукти/услуги ќе се продаваат на друго место односно друг пазар. Иако прибирањето на вакви информации може да одземе повеќе време, доколку го направите правилно и опширно, на крајот ќе се исплати.

2. Спремете ја логистиката

Пред да започнете со работа на глобално ниво, значајно е да знаете на кој начин ќе правите достава на продуктите кон своите корисници. Не чекајте да ја добиете првата нарачката за да смислите како истата ќе биде доставена. Важно е да знаете дали производите ги продавате од земјата во која компанијата е регистирана па потоа вршите достава или воспоставувате систем за наплата и достава во земјите во кои  продавате.

3. Кој е вашиот пазар

Бидете сигурни дека сте си ја завршиле „домашната задача“ односно дека сте ги истражиле културата и навиките на маркетот на кој сакате да го проширите својот бизнис. Таквите информации ќе ви помогнат да знаете што сакаат купувачите, ќе знаете како да го прилагодите вашиот маркетинг, како да ја стекнете довербата кај клиентите и да направите тие да се чувствуваат комфордно да купуваат кај вас. Ова ќе ви помогне да бидете успешни на пазарот.

4. Начин на плаќање

Важно е да одлучите каков начин на плаќање ќе нудите, но и да истражите дали начинот на плаќање кој вие ќе го понудите е популарен и употребуван во земјата во која сакате да ја проширите вашата компанија. Додека некои земји преферираат онлајн трансфери и картички, во други пак популарни се плаќањата при достава. Прилагодувањето на навиките на пазарот ќе ви помогне за успешно проширување.

 5. Информации за даноци и други трошоци

Една од најчестите грешки при проширувањето на компаниите на глобално ниво е што не се истражува за даноците и другите трошоци кои се спроведуваат на пазарот во кој компанијата се проширува. Дознајте каква е законската регулатива за оваа област, па потоа проценете дали е исплатливо да почнете со работа на одреден пазар.

6. Најдете соработници

Нема потреба сами да започнете со проширување на вашата компанија на глобалниот пазар. Понекогаш корисно е да најдете соработници, без разлика дали ќе станува збор луѓе што работат за локални маркети, маркетинг експерти, соработници за продажба или партнер за дистрибуција, бидејќи ќе знаат како најдобро да ве насочат за да имате успешно проширување на глобално ниво. Тие ќе знаат како да ви помогнат да го тестирате вашиот бренд и да ви дадат совети за областите во кои постои простор за унапредување.

7. Кориснички услуги

За да имате успех на глобалниот пазар, како и за да имате успех на било кој друг пазар, потребно е да се воспостави квалитет на корисничките услуги. Колку подобри кориснички услуги нудите, толку ќе е полесно да се надминат други предизвици кои ќе се појават при проширувањето на вашата компанија.

Извор: www.ecommercetimes.com

Поврзани содржини