7 новогодишни резолуции што треба да ги направи секој бизнис со е-трговија

Без оглед на тоа колку е просперитетна вашата компанија, секогаш има простор за подобрување. И кога е подобро време за размислување за промени од декември? Во пресрет на 2020 година, ви предлагаме неколку едноставни новогодишни резолуции – во однос на вашите клиенти, вработени и самите себеси – кои секој бизнис за е-трговија може, а во некои случаи и треба, да ги следи.

1. Одговорете на барањата на клиентите во рок од 24ч.

Иако многу компании тврдат дека им е потребно токму колку време да одговорат на мејловите од нивните клиенти, реалноста е сосема поинаква. И доколку барањето од клиентот се однесува за некое поопширно прашање, би требало барем да ги известите клиентите кога можат да очекуваат целосен одговор – молкот претставува далеку од добра услуга за клиентите.

 

2. Наградете ги вашите клиенти

Дали имате лојални клиенти со месеци или години? Дајте им на знаење дека сте благодарни на нивната поддршка, нудејќи им  бесплатна достава, бесплатен примерок или супер попуст на одредени производи. Поради овој гест, вие дефинитивно нема да банкротирате, а клиентот ќе се чувствува ценето.

 

3. Преземете ризици

Ако сакате да играте безбедно, веројатно нема да постигнете голем успех. Преземете ризици, инвестирајте во нови вложувања или проширете се на нови пазари – секако согласно соодветни анализи и деловен план.

 

4. Слушајте ги вашите вработени

Вашиот тим не е само еден куп на работници, кои работат од 9-17 часот со јасно дефинирани задачи. Вашиот тим ја прави вашата компанија. Слушајте ги нивните предлози и почитувајте ги нивните мислења. На крајот на краиштата, тие сакаат најдобро за вашиот бизнис, бидејќи тоа значи и најдобро за нив.

 

5. Освежете го изгледот на вашата веб-страница

Дури и ако имате одличен изглед на вашата веб страница, забавно е понекогаш да го промените – без оглед дали е само бојата на странична лента, нов банер или сосема нов изглед. Запомнете, треба да проверите дека изгледа подеднакво добро на сите компјутери, Mac, таблети и паметни телефони.

 

6. Направете го животот на вашите клиенти полесен

Ако водите е-продавница, ставете се во чевлите на вашите клиенти и размислете како можете да го подобрите системот за да го направите неговото шопинг искуство уште полесно и пријатно. Размислете дали мозжеби обезбедувањето на плаќања со еден клик или поедноставувањето на вашите Услови за користење се добар начин да се започне со ова?

 

7. Забавувајте се!

Понекогаш е добро да заборавите на табелите, деловните состаноци и роковите и наместо тоа, само да се забавувате. Посетете ги предновогодишните забави на партнерите и соработниците, дружете се повеќе со тимот, организирајте secret santa подарување… Никогаш не знаете што може да излезе од тоа.