5 стратегии за проширување на вашата мрежа на контакти за време на covid-19 кризата

5 Things To Do To Advance Your Networking During the Crisis

Комуникацијата со луѓе со цел на проширување и јакнење на вашата мрежа на контакти веќе не е иста поради тоа што моменталната здравствена криза ги смени правилата на бизнисот и животот. Недостатокот на „лице-в-лице“ настани не наведе сите кон виртуелно вмрежување.

Веќе знаете дека можете да се приклучите на онлајн групи и да користите видео конференции за поврзување со вашите контакти. Сега, погледнете ги овие 5 стратегии за да развивање на вашата мрежа на контакти и за време на здравствената криза, и за во иднина.

1. Онлајн курсеви, вебинари и подкасти

Додека можете да се регистрирате и да учествувате на онлајн настани на други организации, уште подобар избор е да креирате сопствени настани. На тој начин, успешно можете да се истакнете пред повеќе компании кои се во вашата индустрија, и со кои можеби без онлајн настаните, не би имале шанса да се запознаете.

Сега дефинитивно е време да ги разработите проектите како вебинари, онлајн панел дискусии или подкасти за кои можеби сте размислувале да ги направите, но едноставно никогаш не сте можеле да издвоите време.  Исто така, овие проекти се одличен начин да ги поканите и вклучите талентите кои ги познавате во вашата мрежа на контакти.

Благодарение на онлајн туторијалите и бројните бесплатни и евтини алатки, никогаш не било полесно да се зајакне оваа тактика за вмрежување. Оние кои ќе се регистрираат и претплатат на вашите настани можат да ви помогнат при растот на вашата мрежа на контакти.

2. Корисни извештаи, документи и содржини

Опции што вклучуваат создавање нешто од вредност можат да ви помогнат да привлечете нови контакти. Без разлика дали ќе споделите содржина која веќе сте ја креирале или ќе генерирате нови истражувања и студии, искористете ја таа содржина за да доставите нешто навистина корисно на оние кои се наоѓаат на вашата листа на контакти.

Промовирајте ги овие работи преку вашите канали за социјални медиуми, виртуелни мрежи, бази на податоци или преку CRM платформа.

3. Нови онлајн заедници

Со оглед на промените во начинот на кој работиме и комуницираме, постојните индустриски организации и компании мораа да го префрлат нивниот работен процес онлајн за да комуницираат со своите членови и колеги. Ако сте член на некоја од овие компании, веројатноста е голема дека веќе сте биле поканети да се приклучите на некоја виртуелна група или настан.

Можете исто така да пребарувате дополнителни заедници преку пребарувачи како Google или Bing, како и преку платформи како LinkedIn и Facebook. Ова ќе ви помогне да откриете други можности за учество и насочено вмрежување.

Со оглед на тоа што постојат безброј заедници, можете да потрошите цела недела само учествувајќи во сите нив. Наместо тоа, најдете две или три заедници што најдобро одговараат на вашите потреби и каде би се чувствувале најудобно да придонесувате.

4. Персонализирани пораки

Не занемарувајте ја можноста за понатамошно развивање на односите со вашите веќе постоечки контакти. Малку повеќе искрена интеракција може да резултира во нов бизнис или да го прошири опсегот на вашата мрежа на контакти.

Бидете трпеливи и поминете повеќе време комуницирајќи. Обидете се да го персонализирате секоја e-mail бидејќи дефинитивно не сакате вашиот соговорник да се чувствува како да прима генеричка порака.

Референца на изминат настан или проект на кој сте работеле заедно покажува намера за повторно поврзување на автентично ниво. Можете исто така да споделите позитивна приказна, да понудите охрабрувачки зборови и да ги прашате дали има нешто што би можете да сторите за да им помогнете.

5. Филантропија

Ако оваа криза не научи нешто, тоа е дека сме подобри и посилни кога работиме заедно, отколку кога се фокусираме само на задоволување на сопствените потреби и желби. Многу луѓе го имаат дадено своето време, пари и многу повеќе за да им помогнат на оние кои имаат потреба од тоа во овој период, и тоа дефинитивно прави разлика.

Оваа сочувствително асистирање исто така создава нови можности за проширување на вашата мрежа на контакти.

Со тоа што им помагате на другите преку добротворни организации и волонтерски можности за да им помогнете на оние кои имаат потреба, запознавате нови луѓе. За возврат, тие интеракции ве запознаваат и поврзуваат со можности за учење, бизнис и развој.

Не заборавајте да ги додадете организациите и лицата со кои соработувате за време на овие искуства во вашата листа со контакти. Исто така, споделете ги овие филантропски искуства на вашите социјални медиуми, така што вашите постоечки контакти можат да ги видат позитивните резултати.

Извор: Entrepreneur