Новости од е-трговија

5 клучни начини за зголемување на профитабилноста на бизнисите

Градењето на нов, одржлив бизнис модел е дефинирачки фактор што го одделува успехот од неуспехот.

Се подразбира дека 2020 е многу специфична година за бизнисите од секоја индустрија и сектор. Но, и покрај сите нарушувања и пречки, некои бизниси успеаа да ја одржат или дури и да ја зголемат својата продажба. Иако тоа најмногу се должи на видот на производите што бизнисите ги продаваат, како што се неопходни работи за лична нега, но во некои случаи, успехот дојде поради измени на бизнис моделите и операциите што одговараат на времето како што е моменталната глобална пандемија.

Јасно е дека малопродажната индустрија е подложна на огромни промени. За бизнисите кои сакаат да ја зголемат својата профитабилност за време и по моменталните пречки како што е covid-19, ова се неколку работи кои можат да ги спроведат:

1. Е-трговија

Факт е дека малопродажните бизниси треба да имаат присуство на Интернет, но многу бизниси или се одлучија да не бидат воопшто на Интернет или само поставија основна веб-страница со ограничена функционалност. Таа стратегија е застарена. Како што можеме да забележиме од драматичниот пораст на онлајн набавки за храна и намирници за време на ограниченото движење поради covid-19, што е нешто што луѓето традиционално претпочитаат да го прават во физички продавници, присуството во светот на е-трговијата е од клучно значење за бизнисите од сите индустрии.

И покрај тоа што може да се постави аргумент дека луѓето ќе се вратат на традиционалните ставови за купување по некој период, веројатноста е голема дека тој период ќе трае долго, а студиите покажаа дека до 52% од анкетираните немаат намера да се вратат на шопинг во физички продавници. За среќа, секој бизнис може да биде присутен онлајн на едноставен начин со помош на целосно функционална веб-страница со одличен UI / UX која е интегрирана со вообичаените методи за испорака.

2. Методи на испорака

Вообичаените методи за испорака може да бараат некое прилагодување согласно ситуацијата со covid-19. Бидејќи повеќе луѓе избегнуваат блиски интеракции со други лица, нудејќи ги вистинските опции за испорака што ја балансираат безбедноста (и на клиентот и на вашиот персонал), ефикасноста и безбедноста се сè поважни. Нудењето на што повеќе можности за достава во комбинација со оптимизирана веб-страница која ќе го прави купувањето непречено и привлечно, може да надомести за изгубениот профит.

3. Услуга на клиенти

Услугата на клиенти е уште еден фактор што може да помогне за надместок за изгубените приходи, па дури и да ги зголеми. Во зависност од видот на производите што ги продавате, може да има потреба од персонал кој би им пружил техничка поддршка на вашите клиенти. Да се има искусен персонал кој ќе ги води клиентите низ какви било проблеми ќе има огромно влијание врз нив и ќе ја зголеми лојалноста што ја чувствуваат кон вашиот бренд.

Дури и ако не продавате технички производи, сепак треба да размислите да посветите повеќе ресурси на услугата за вашите клиенти со цел да им помогнете побрзо да ги решат проблемите. Вие ќе имате корист од чувството дека сте им помогнале во врска со нивните потреби во тешки моменти. Интеракциите ќе бидат добра можност за да им претставите специјални понуди на вашите купувачи.

4. ‘Директно-до-купувачот’

Бизнисите кои се основани на концептот ‘директно-до-купувачот‘ значително растат. Една неодамнешна студија за проценка на продажбата на е-трговија која функционира врз основа на овој концепт, покажа дека продажбата ќе порасне за 24,3% на 17,75 милијарди долари во 2020 година, за разлика од 14,28 милијарди долари за 2019 година. Сегашната ситуација веројатно ќе направи е-трговијата да расте уште повеќе, бидејќи луѓето избегнуваат да одат во преполни места. Според Џеј Лу, извршен директор на Sofary, „да се биде во можност да се заобиколат традиционалните посредници (како дистрибутер, веледрогерија, брокер или агент), ќе биде од клучно значење за да се намалат трошоците.“

5. Бесконтактни плаќања

Како и со опциите за испорака без контакт, обезбедувањето можност на вашите клиенти да вршат плаќања без да мора да разменуваат готовина или да ги допираат тастатурите на POS-терминалите сега е задолжително, ако сакате да бидете сигурни дека што повеќе луѓе се чувствуваат пријатно да влезат во вашата продавница за да купуваат .

Опциите за бесконтактно плаќање се разновидни, и колку повеќе опции имате на располагање за клиентите, толку подобро ќе бидете позиционирани. Од Apple Pay, Samsung Pay и други слични услуги до користење QR-кодови, клучот е да бидете што е можно пофлексибилни. Повеќе луѓе ќе продолжат да се насочуваат према дигитализацијата со тек на време, така што инвестициите што ќе ги направите во ремонт на платните системи сега ќе бидат вредни и ќе генерираат поврат на долг рок.

Извор: Entrepreneur