5 совети за ефективна промоција на вашиот Еcommerce бизнис преку социјални мрежи

Маркетинг експертите велат дека секој бизнис треба да биде активен на социјалните мрежи. Но, тоа што тие не го откриваат е како да се искористат истите за да се привлечат потенцијални купувачи, да се зголеми заинтересираността и да се изгради лојалност кон брендот. Маркетингот на социјалните мрежи не се базира на добивање најмногу “likes” на Фејсбук, или најголем број следбеници на Инстаграм и Твитер. Главната цел на ваков вид на маркетинг е креирањето врска и однос со таргет пазарот, градење доверба и утврдување на вашиот бренд. Па, како да ги искористите овие мрежи за да го подобрите бизнисот?

На сопсвениците на Ecommerce продавници, најголем предизвик им е да привлечат што повеќе купувачи во нивната продавница. Многу често, особено во Македонија, новите ecommerce бизниси, сеуште немаат доволно голем буџет за квалитетно да се рекламираат на веб страни преку pop up ads или слично, па најприфатливата опција за рекламирање им се социјалните мрежи. Без разлика на тоа, преку социјалните мрежи може да се стигне до многу поголема публика отколу преку било кој друг медиум, притоа за значително помала цена. Па затоа, решивме да ви предложиме 5 совети околу тоа како вашиот бизнис да го рекламирате на социјалните мрежи.

  1. Комуницирајте со публиката

Без разлика која мрежа ќе ја изберете за да привлечете клиенти, морате да ги оддржувате дискусиите и разговорите со потенцијалните купувачи активни. Нема потреба да се држите до стриктно формален тон на комуникација. Напротив,треба на корисниците да им дадете до знаење дека тие комуницираат со човечко суштество. Еве неколку идеи како можете да ја вклучите публиката:

  • Постирајте слики од секојдневните активности на вашата фирма, можеби слики од вработените, настани на кои учествувате, организирате итн…
  • Поставувајте прашања,анкети и учествувајте во дискусии.
  • Споделувајте содржина и новости од светски рамки во областа која работите.

2. Дадете им причина на корисниците на социјалните мрежи да ве следат

Зашто вашите корисници ве следат на социјалните мрежи? Ако мислите дека едноставно им се допаѓа вашиот бренд – тогаш грешите. Може да добиете многу следбеници, но тоа не значи и голем број на купувачи, односно корисници кои ќе се префрлат на вашиот бренд или ќе го изберат покрај огромна конкуренција. Дадете причина зашто корисниците на социјални мрежи треба токму вас да ве следат. Нудете специјални понуди и попусти за корисниците на социјалните мрежи кои ве следат, тие први нека дознаваат за промоции и попусти и слично.

3. Следете ги вашите купувачи на социјалните мрежи

Сите бизниси мораат да ги следат своите купувачи. Истражете кои социјални мрежи ги користат најмногу, па така изберете ја соодветната платформа на која ќе се фокусирате да постирате содржина. Доколку вашиот таргет пазар е тинејџери, најверојатно најдобрата мрежа за рекламирање би била Instagram. Во спротивно, доколку сте заинтересирани за вработената популација, LinkedIn би била најсоодветна опција. Поврзувањето со потенцијални купувачи е еден од најважните фактори за имплементирање на маркетинг план на социјални мрежи. Понудете квалитетна содржина за да изградите доверба во вашите корисници. Одговарајте им на прашања, коментари и пораките што ги пишуваат. Купувачите секогаш одбираат пријателски настроен бренд.

4. Вклучете ги социјалните мрежи на вашиот веб сајт

Направете купувачите лесно да можат да споделуваат слики, коментари или било каква содржина поврзана со вашиот продукт на социјалните мрежи, со тоа што ќе вклучите линкови или копчиња до вашите профили на социјалите мрежи. Бидете активни на повеќе социјални мрежи за да воспоставите поголема заедница и да допрете до поголема публика. Добра идеја е да започнете блог на вашата ecommerce страна каде ќе постирате совети за купувачите, новости, соопштенија за продукти и слично.

5. Користете YouTube за да ги покажете вашите производи

Youtube е многу ефективен маркетинг канал и воедно втор најпосетуван сајт, кој би можел да донесе масовна публика кон вашата веб страна. Знаејќи ја ефективноста на видеата, може да го користите YouTube креативно најмногу, за да доминирате во пребарувањето на продукти за вашата компанија. Дополнително, преку YouTube не само што може да ги покажувате вашите продукти, туку и да воспоставите персонална врска со гледачите.

Покрај овие 5 правила, најважно од се е да бидете секогаш необични и креативни со содржината која ја нудите, бидејќи тоа е најсигурниот начин да привлечете најмногу корисници.