fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

5 трендови кои ја обликуваат е-трговијата

Последните податоци објавени од страна на U.S Census Bureau покажуваат импресивен раст на електронска трговија, при што онлајн приходите изнесуваат 1.5% од вкупната малопродажба секоја година. Кои се следните движења на е-трговијата? Што е она што е популарно и како да бидете во тек со новите можности и предизвици?

Поголем меѓународен пазар

Додека голем број е-трговци може се загрижени само за постигнување на продажби во нивните земји, постои зголемување на меѓународниот пазар. Купувачите немаат проблем да ги поминат границите, особено доколку е овозможено плаќање на повеќе начини, решенија за достава кои не се со високи цени и превод на јазик кој го разбираат. Всушност, Nielsen објави дека 57% од анкетираните купувачи купиле од странски е-трговци во изминатите шест месеци.

Проширување на интернационален пазар можеби изгледа како огромен чекор, што и навистина може да биде доколку ги немате вистинските алатки. Но благодарение на алатки како BigCommerce, е-трговците може да се справат со глобалните пазари во повеќе од 150 земји. Интеграцијата нуди да се прифаќаат плаќања преку различни начини, вклучително и PayPal и Stripe, без дополнителни такси.

Калкулаторите за испорака и интеграцијата овозможуваат лесна достава на продуктите интернационално, земајќи ги предвид меѓународните такси. Продавницата ќе се покаже речиси на сите јазици со скоро секоја валута, па без разлика каде се купувачите, ќе може да се обезбеди позитивно корисничко искуство.

 Поврзување со големите компании од е-трговијата

Амазон е предвидено да сочинува половина од продажбата во САД до 2021 година. Трети страни односно други е-трговци, сочинувале импресивни 11.98 билиони долари на Амазон во првиот квартал на 2017 година што покажува дека и помалите компании може да бидат успешни. Употреба на систем како ChannelApe овозможува да се направи поврзување на сите интеграции во моменталниот систем на е-трговецот. На овој начин, може да се направи листа на сите продукти за продажба поставени кај трети субјекти како Амазон, без притоа да се продаде повеќе отколку што е залихата.

Не е лесно и одзема време да се следат сите продукти и нарачки од повеќе платформи, па ваквите интеграции ќе ви го олеснат целиот процес. Ако продавате и на Амазон, листата на продукти ќе се ажурира, така што еден продукт ќе се продава во една продавница. Ова ќе ви заштеди време кое може да го насочите на други аспекти од вашиот бизнис.

Моќта на персонализацијата

Маркетинг персонализација е двонасочен процес. На овој начин, трговците создаваат можност да добијат повеќе податоци за своите корисници што ќе придонесе кон поуспешна работа. Во меѓувреме, персонализацијата станува очекување од корисниците. Персонализираното купување базирано на демографија, претходни однесувања при купување и пребарувачка историја претставувуваат само почеток на овој процес.

Платформата Evergage претставува персонализација во реално време, која комбинира аналитика на однесување со постоечките податоци за корисникот и machine learning. Ова овозможува да воспоставите интеракција со секој кој ќе ја посети вашата продавница за да овозможите вистинска персонализација и индивидуално искуство. Автоматски обезбедувате персонализирана содржина и препораки за продукти а се олеснува и овозможувањето на конверции. Вака ќе се создаде механизам и за намалување на бројот на корисници кои не ја довршиле нарачката а ќе се подобри и корисничката лојалност.

Повеќе chatbots

Според податоците на eMarketer, повеќе од половина од денешните корисници на социјални медиуми претпочитаат да користат messenger апликации за поврзување со брендови, наместо да се свртат кон е-пошта, телефон или традиционален разговор во живо. Внесете chatbot, кој е во можност да стигне до клиентите и да одговори на барањата во реално време, да дознаете повеќе за нив и да го персонализирате искуството за купување врз основа на нивните одговори. Покрај тоа, ваков чет може да се поврзе со корисниците без да бара од нив да инсталирата дополнителна апликација. Иако ова е одлична работа, што покажуваат и истражувања (35% од корисниците сакаат повеќе chatbot) сепак фали една работа, а тоа е емпатијата.

Ако идејата за градење на chatbot за вашата e-продавница ви изгледа застражувачка, може да ви помогне платформата Pandorabots, која помага при градење на интелигентни chatbots за е-трговија. За почеток може да ги користите основните опции, а подоцна може да преминете и кон користење на вештачка интелигенција, односно да изградите виртуелен агент според ваши спецификации, но и да му додадете аватар или говорни вештини.

Зголемена заштита од измама

Трговците губат милијарди долари годишно на измама, што укажува на потребата од зголемена и унапредена заштита. Иако веќе постојат начини за да се спречи измама и онлајн кражба, се очекува ова да стане голем приоритет во следните години. Според извештајот на CyberSource, 58% од анкетираните трговци сметаат дека адресата за верификација е еден од нивните три најефикасни алатки за спречување на измами. Само 25% трговците сметаат дека проверка на автентикација со два чекори е најефективната алатка.

Постои алатка која помага за превенција на измама и кражба но и управување со штета. Chargeback овозможува да се спојат сите извори на податоци заедно, што овозможува да се примети кражба пред да почне, а кога тоа е невозможно, овозможува преземање на контрола на штета откако измамата ќе се случи. На тој начин, може да се направи рефундација на корисникот, да се превенира целосно завршување на нарачката и да се пренасочи доставата.

 

Извор: www.entrepreneur.com

 

 

Виктор Стојкоски