Новости од е-трговија

5 совети за подобро искористување на попустите за Black Friday

„Black Friday” или „Црн петок” е еден од најдобрите денови во годината да пронајдете фантастични зделки на телевизори, лаптопи, слушалки, звучници, паметни телефони и скоро за каков било вид технологија што можете да си замислите, како и неверојатни попусти на најразлични патувања, курсеви, прегледи, третмани итн.  

Во последно време „Црниот петок” се повеќе прераснува од ден на попусти во недела на попусти или дури и повеќемесечен настан за некои трговци, како на пример за Amazon, чии зделки за „ Black Friday“ почнуваат од средината на ноември.

Со толку многу зделки за Црниот петок од толку различни трговци, понекогаш станува тешко да се подготвите за попустите, но ние ви подготвивме неколку совети за најдобро искористување на попустите оваа година.

попусти за црн петок

  1. Зачувајте ги во “bookmark” сајтовите кои што нудат најмногу попусти

Обележувањето  и разгледувањето на страниците од кои знаете дека сакате дека сакате да купите нешто, заедно со страниците кои знаете дека нудат најголем број попусти се одличен почеток за вашето „шопинг патување”, кои значително ќе го заштедат вашето време и енергија потребни за е-купување на Црниот петок.

 

2. Направете листа со желби 

Вашата листа со желби не мора да биде многу детална и специфична – само имате идеја за тоа што сакате да купите за време на Црниот петок. На пример, дали ви треба нов телефон? Дали сакате да се почестите со масажа? Или барате лаптоп што одговара на вашите потреби?

Одредени веб-страници овозможуваат да креирате листи со желби во рамките на страницата, што е одлично место за почеток. Меѓутоа, добро е да направите и своја лична листа со желби од различни продавачи за да ви даде чувство на фокус кога станува збор за барање попусти на Црниот петок. На тој начин ќе можете побрзо и полесно да дојдете до посакуваните производи или услуги со супер попуст.

 

3. Направете си кориснички профил на време

Никој не го сака делот кога треба да се регистрира на секоја веб-страница, а особено не на секоја страница со попусти одделно за Црн петок од раните утрински часови, така што дефинитивно вреди да одвоите малку време однапред, за да бидете сигурни дека имате кориснички профил кај е-трговците од кои што планирате да купувате на Црн петок.

Исто така, добро е да бидете сигурни и дека вашите информации за плаќање и податоци за испорака се ажурирани, бидејќи производите или услугите можат да се распродадат многу брзо за време на Црниот петок или Сајбер понеделник, па затоа секоја минута е значајна.

 

4. Направете истражување

Никогаш не е добра идеја да ги „фрлите” вашите пари без да направите истражување, а истото важи и за Black Friday – важно е да знаете точно што барате, така што помудро ќе трошите. На пример, ако барате нов блендер, дали има повеќе брзини? Дали има пластичен или стаклен сад? И дали има сечило за мелење? Оттаму, можете да започнете со стеснување на пребарувањето до специфични марки и модели.

Исто така, при купувањето на производи, важно е да ги разгледате и техничките спецификации на производите наместо броевите на моделите – на тој начин, ако не можете да го пронајдете точниот модел за кој сте размислувале, побрзо можете да најдете некој сличен производ на исто толку добар попуст како саканиот модел.

 

5. Одредете буџет (и држете се до него)

Бидејќи во текот на периодот за „Црн петок“ и „Сајбер понеделник“, ќе има многу попусти на многу веб страници со е-продавници, лесно е да паднете во стапицата на купување и на не толку потребни работи – затоа е добра идеја да си поставите одреден буџет, без разлика дали планирате купување на еден или повеќе производи.

Ако планирате да потрошите значителна сума пари оваа година, добро е да издвоите одреден дел за Црн петок, но имајте на ум дека во секој момент треба точно да знаете колку сте потрошиле и колку ви преостанува до крајот на планираниот буџет. Што и да правите, купувајте мудро и не трошете ги сите свои пари овој викенд … Декември може да биде скап месец, затоа не влегувајте во него со потрошени резерви.