4 начини како да добиете повеќе прегледи на Instagram Stories

Instagram Stories е една од главните тактики за градење заедница која го поддржува вашиот бренд.

Stories се полни со забавни опции со кои можете да ги заангажирате вашите следбеници, можат брзо да стигнат до нечиви DM’s и можат да бидат многу персонализирани. 

Но, покрај тоа што овој дел од Instagram е навистина лесен и погоден за користење, исто така е и многу популарен. Ова ја отежнува можноста за вашиот бренд да се истакне со своите stories, и оттаму доаѓа моментот дека е потешко таа содржина да дојде до повеќе гледачи.

За среќа, можете да го „хакнете“ системот :). Ви претставуваме 4 начини со кои можете да ги зголемите вашите прегледи на Stories на Instagram:

Како да добиете повеќе прегледи на Stories, тактика #1: Додајтe стикер кој ќе предизвика активност кај гледачите

Еден од најбрзите начини да ги зголемите прегледите на вашите Stories е со додавање стикер кој предизвикува активност (како што е анкета, слајдер за еmoji или квиз) на она првото Story што го споделувате (ако зборуваме за сериски Stories, т.е. повеќе Stories одеднаш).

Слика од екранот за прикажување анкета за првата приказна во серијата
Што преферирате? (квиз)

Ова веднаш ќе ја поттикне активноста на вашите Stories, што е главен индикатор за алгоритмот на Instagram .

Колку повеќе кликови и активност добиваат вашите Stories, толку повеќе Instagram ќе ги позиционира вашите Stories на почеток – пред сите.

Како да добиете повеќе прегледи на Stories, тактика #2: Додајте дополнително Story на крајот од денот

Овој испробан и проверен совет доаѓа директно од Social Content Lead на Later, Линдзи Ешкрафт .  

„Додавањето ново Story во 22-23 часот, непосредно пред истекот на останатите Stories, на сите им дава дополнителен “boost” во прегледите. 

Не сме сосема сигурни зошто ова функционира толку добро – но верувајте дека функционира 🙂

Како да добиете повеќе прегледи на Stories, тактика #3: Споделете ексклузивна содржина на приказни

Можеби е прастара маркетиншка тактика, но споделувањето ексклузивна содржина е вистински начин да ги зголемите прегледите на вашите Stories – особено ако тоа е нешто корисно или интересно за вашата заедница, т.е. за луѓето кои што ве следат.

За брендовите, ова може да биде ексклузивен 24-часовен попуст код. За креаторите или инфлуенсерите, тоа може да биде лична приказна, туторијал или гледна точка што никогаш претходно не споделиле.

Слика од екранот за прикажување ексклузивна продажба на приказните на Инстаграм
Прикажување на екслузивна понуда

Краткотрајната природа на приказните е одлична за создавање „бучава“ – и добро оди во пар со објава чиј description ги повикува следбениците да се упатат кон вашите Stories за да дознаат повеќе.

Како да добиете повеќе прегледи на Stories, тактика #4: Активирајте ја опцијата Close Friends

Овој малку познат хак може да биде вистински game changer за зголемување на прегледите на Instagram Stories.

Можеби сте забележале дека кога некој ќе ве додаде на списокот со Close Friends (блиски пријатели) , нивните Stories ќе бидат првото нешто што ќе го видите во вашаиот feed и ќе бидат обележани со зелено. Ова е затоа што Instagram дава приоритет на оваа содржина.

Но, тука доаѓа и реалистичниот дел. Мора да признаеме дека да се додадат илјадници следбеници на вашиот “Close Friends” список е тешко остварлива тактика – но е одлична за да се осигурате дека важните информации и ажурирањата на производите ќе стигнат до најважните членови на вашата заедница. 

За брендовите, ова може да биде список на бренд амбасадори, инфлуенсери и клиенти кои што постојано купуваат.

За инфлуенсерите и креаторите, ова може да бидат нивните следбеници кои се највеќе активни кога станува збор за нивната содржина и нивни колеги од индустријата. 

Later.com