3DES Secure: Комерцијална банка воведе дополнителна заштита при купување преку Интернет

Комерцијална банка воведува дополнителна заштита при купување преку Интернет со Mastercard® и Visa картички. Отсега, за одредени интернет-трансакции, како дополнителна мерка на заштита Банката ќе Ви испраќа СМС порака со код за верификација, на телефонскиот број што сте го пријавиле. Кодот за верификација ќе треба да го внесете за Вашата трансакција да биде успешно завршена.

Со цел да ја подобри безбодноста за своите корисници, Банката го воведе 3DES Secure системот.

3DES Secure системот врши автоматска компјутерска анализа на секое Интернет плаќање со цел да се осигури дека вистинскиот сопственик на картичката ја иницира трансакцијата. Препознаен како највисок меѓународен стандард за заштита на интернет трансакции е насочен кон заштита од кражба на идентитетот на корисниците на картичките и заштита од злоупотреба на податоците од картичката.

3DES Secure протоколот кај Mastercard каричките се применува под името Mastercard SecureCode®, додека кај Visa картичките под името Verified by Visa.

Mastercard SecureCode®  и Verified by Visa, е највисок меѓународен стандард за заштита кој Комерцијална банка го воведе како дополнително ниво на безбедност, а со цел да овозможи целосна доверба додека пазарувате на Интернет. Голем број домашни и светски интернет продавници (сајтови) се сертифицирани и ја поддржуваат 3DES Secure технологијата. Се препознаваат по тоа што на својата веб-страница ја имаат објавено ознаката Mastercard SecureCode® или Verified by Visa, која укажува дека веб-страницата е легална и безбедна за интернет купување.

Доколку системот (врз база на вештачка интелигенција) процени дека одредена трансакција е ризична или нестандардна за корисникот, Банката на корисникот на картичката ќе му прати СМС порака со верификациски код. Корисникот на картичката требa да го внесе верификацискиот код во прозорецот кој ќе се отвори на интернет-страницата со цел да се реализира плаќањето.

Пораката што се појавува на екранот во ваков случај е следната:

За да можете да ја користите оваа бесплатна дополнителна заштита, потребно е да ги ажурирате своите податоци со бројот на вашиот мобилен телефон. Ажурирањето можете да го направите преку услугата Интернет банка, мобилната апликација мБанка или на шалтерите на Банката.

Mastercard SecureCode®, Verified by Visa и Комерцијална банка АД Скопје никогаш нема да Ви испратат e-mail со барање да ги ажурирате своите податоци од која било причина. Ако добиете таков e-mail, тоа е обид за измама и треба веднаш да пријавите во Банката на телефонскиот број кој се наоѓа на заднината на картичката (02/3247-474).