3 тајни за дропшипинг кои почетниците треба да ги знаат

3 Drop Shipping Secrets Beginners Need to Know

Се размислувате да започнете со dropshipping. Слушнавте дека е одличен начин за заработка и сте заинтересирани да го испробате овој бизнис модел.

Дропшипинг е метод на продавање на производи онлајн кога е-трговецот физички не чува залихи од производите што ги продава и не ги испорачува директно од својата локација, туку наместо тоа, нарачаните производи се испорачуваат од добавувачот или производителот директно до купувачот, без е-трговецот физички да ги види.

Иако дропшипингот стана навистина популарен метод во светот на е-трговија во текот на изминатите неколку години, се подразбира дека како и сите методи, постои вистински начин и погрешен начин за практикување на овој метод. Тешко е да се пробие во светот на дропшипинг како почетник поради силната конкуренција. Постои крива на учење и може да биде тешко вашиот производ да се истакне,.но не дозволувајте тоа да ве обесхрабри.

Тоа што не го произведувате производот сами не значи дека не треба да ја третирате вашата dropshipping операција како целосен бизнис – бидејќи навистина е бизнис и треба да се третира како таков за да напредува. Ако сте почетник, еве три тајни за дропшипинг што треба да ги знаете.

1. Долго проучувајте ги вашите конкуренти

Сите бизниси треба да имаат робусно разбирање за нивната конкуренција, но тоа е особено важно во dropshipping бизнсиот. Она што разликува еден производ од друг се заснова на маркетинг. Веројатно е дека другите конкуренти го продаваат истиот точен производ што го продавате и вие од истиот производител (тоа е природата на конкурентската сцена во индустријата), па неговото пласирање со помош на маркетинг е од голема важност.

Погледнете ја моменталната компетитивна сцена. Како се пласирани другите производи? Кои се нивните цени? Целосно истражете една платформа за е-трговија како Амазон за да имате целосна слика. Откако ќе ја разберете конкуренцијата, можете самоуверено да изберете со кој производ да започнете со дропшипинг – и да разберете како да го направите вашиот производ да се истакнува меѓу останатите.

Ова може да се оствари со пониска цена, додаден подарок или со додавање на нешто корисно, како што е добро објаснето видео со упатства за производот. Вашата цел е да бидете сигурни дека потрошувачот сака да го избере вашиот производ кога и тој ја истражува конкуренцијата, бидејќи вие нудите нешто што никој од вашите конкуренти не го прави.

2. Осигурете се да пронајдете добар снабдувач

Кога наоѓате снабдувач за производот, обрнете внимание и на други работи освен цената. Секако, профитот е од клучно значење за дропшипингот. Но, добар снабдувач може да направи секаква разлика во дропшипинг операцијата. Прво, запознајте го вашиот снабдувач. Дали тој е способен и подготвен за да го поддржи вашиот раст во случај на огромен успех? Или ќе заостане со производството или дури и да остане без производи ако продадете премногу? Осигурете се да поставите јасни очекувања околу нивниот капацитет.

Осигурете се дека прво треба да направите и проверка на квалитетот. Нарачајте го производот исто како што би го нарачале ако сте клиент. Забележете ги сите работи кои се од основно значење: навремено праќање, пакување и квалитет на производот. Користете го производот исто како што би користеле кога би биле клиенти. Дали го губи својот квалитет по една или три употреби?

Бидете колку што е можно повнимателни и ориентирани кон деталите во вашиот пристап и останете скептични сè додека не е се осигурате дека се е во ред. Ако не ги пронајдете потенцијалните проблеми со производот или процесот на испорака, вашиот клиент веројатно ќе ги најде, што може да доведе до негативни критики и неред што можевте да го спречите.

3. Прво тестирајте го пазарот

Откако ќе изберете производител и производ, не инвестирајте илјадници долари однапред додека не завршите еден „тест период“ за да бидете сигурни дека тоа одговара на пазарот. Треба да бидете сигурни дека производот им се допаѓа на луѓето и дека пред сè, тој има највисок квалитет. Многу луѓе кои се занимаваат со дропшипинг се возбудуваат откако ќе ја пронајдат својата ниша и производител и сметаат дека е најдобро да нарачате големи количини однапред заради големиот попуст, но тоа мора да се направи претпазливо. Прво тестирајте за да го намалите ризикот! Откако тестот е успешен, можете да продолжите со нарачување на големо.

Полесен метод за дропшипинг е да почекате да нарачате кога купувачот ќе нарача, отколку сами да ги исполните испораките. Можеби ќе се чувствувате како да имате повеќе контрола доколку го имате производот блиску до вас, но најдобро е превозот и дистрибуцијата да ги извршите со аутсорсинг, особено ако вашиот маркетинг е успешен и производите почнат да се продаваат брзо.

Веб-страницата „I’ve Tried That“ сподели неколку хорор приказни за дропшипинг со кои почетниците честопати се среќаваат: лути клиенти (ако производот работи неправилно или не е оној што е рекламиран), големи доцнења во испораката и проблеми со партнерот. Осигурајте се и тестирајте ја компанијата од која нарачувате, нарачувајќи на ист начин како што би направил и обичниот купувач. Колку време требаше да се испрати и пристигне? Имаше ли било какви проблеми со нарачката? Започнувањето со мали чекори ви помага да планирате однапред, за да не наидете на неочекувани проблеми.

Осигурете се да обрнете големо внимание на деталите и да ги практикувате овие совети долго откако ќе бидете искусни во дропшипинг бизнисот. Анализа на конкурентите, изобилство прегледи и започнување со мали чекори секогаш ќе ви служат во процесот на дропшипинг.

Извор: Entrepreneur