3 едноставни промени на вашиот веб сајт кои ќе ги импресионираат купувачите

Дали вашата веб-страница ја врши својата работа? Дали добивате повеќе клиенти? Ако не, имате проблем. Можеби тоа е проблем при сообраќајот. Или проблем со јасност. Можеби сте ги смениле работите малку и време е да ја освежите вашата веб-страница.

Без оглед на проблемот, имам три измени што ќе ви помогнат да започнете од ново за да можете да ги постигнете своите цели.

#1: Поминете го тестот од 3 секунди

Откако потенцијалниот клиент ќе ја отвори вашата веб страна или е-продавница, имате околу три секунди за да им кажете што работите и што тоа значи за нив. Ако не ги пренесете и доловите овие информации, корисникот едноставно ќе замине. Секој корисник е зафатен и сака решенија за неговите проблеми. Да разгледаме неколку примери:

Веб-страницата на писателот Стивен Пресфилд е наменета за луѓе кои сакаат да бидат писатели. Забележете дека зборот „aspiring“ се појавува двапати во текстот. Неговиот веб сајт е направен со цел да не можете да си помогнете, и да морате да продолжите да читате. Поставената стрелка прави секој писател или уметник да сака да продолжи да чита понатаму. Овој веб сајт користи „мамка“ со тоа што не ви ја дава целата приказна одеднаш, туку само дел од неа.

Ова е навистина важно затоа што вашиот мозок сака да ја дознае целата приказна. Во повеќето случаи кога гледате е-mail што вашиот мозок ви кажува да го кликнете, во него се користи истата мамка што ве тера да го дознаете одговорот.

Уште еден пример е овој веб-сајт за продуктивност. Овој сајт ви служи за да ви помогне да бидете попродуктивни со исполнување на вашето време. Не само што веднаш ви кажува за што точно е веб-страницата, туку ви нуди и планер за да ви помогне да напредувате во замена за вашиот e-mail.

#2: Јасноста секогаш победува

Некои веб-страници се обидуваат да oптоварат својот веб-сајт и да приложат премногу информации. Може да има неколку скокачки (pop-up) прозорци, аудио или видео и голем број менија за навигација со безброј опции.

Не паѓајте во таа стапица. Не станува збор за светла, сјајна веб-страница што има содржи огромен број на информации. Квантитетот не води до подобро корисничко искуство. Малите промени можат да ја направат целата разлика:

Ова е веб-страница за Боб Гоф. Боб е bestselling автор и говорник. Но, неговото мени десно има премногу избори. Дури и вертикалната организација на текстот го отежнува читањето на компјутер. Оној посетител кој го отвора овој веб-сајт за прв пат нема да знае што значи The Oaks, Dream Big или Love Does.

Едноставна промена на само четири хоризонтално наведени опции навистина би ги разјасниле работите, на пример: Speaking, Coaching, Shop и Resources. А потоа, во Resources можат да се вклучат работи како што се Oaks, Team, Podcast и Dream Big. На тој начин ќе се исчисти веб-страницата и работите ќе бидат појасни.

Запомнете: Помалку е речиси секогаш повеќе кога станува збор за веб-страници

Повеќето прегледи се на мобилни уреди. Во 2019 година, 58% од посетите на страницата биле од мобилни уреди. Тоа е скоро 60% или 3 од 5 прегледи. Не го занемарувајте овој факт. Еве што може да се види кога ќе се отвори претходно споменатиот веб-сајт на мобилен уред:

Почетната страница и текстот на неа воопшто не се соодветни за на мобилен уред. Затоа, не заборавајте да го проверите изгледот на вашата веб-страница од мобилен телефон. Малите промени навистина значат, и поради тоа секогаш размислувајте што можете да направите за да му пружите извонредно искуство на корисникот.

#3: Преземање на следниот чекор

На една веб-страница и е потребна една едноставна цел: крајниот корисник да преземе конкретен следен чекор кој може да биде тој да се пријави на вашата е-пошта, да закаже состанок со вас или да купи производ. Имате повеќе производи или услуги? Упатете го клиентот до вашиот најпродаван производ.

Како последен пример повторно го гледаме првиот веб-сајт на авторот Стивен Пресфилд. Неговиот call-to-action за посетителите е неговата најпродавана книга, па така, тој користи бесплатен мини аудио курс со цел повеќе посетители да се претплатат на неговиот newsletter.

Имајте на ум дека без оглед за каков вид на веб-страница се работи, вие работите за да решите некаков вид на проблем. Важно е да се напомене дека луѓето ве асоцираат со една работа. Затоа, не плашете се јасно да прикажете која е таа. Фокусирајте се на крајниот купувач и услужете го најдобро што можете. Откако ќе го сторите тоа, вашите клиенти ќе продолжат да се враќаат кај вас.

Извор: BetterMarketing