fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

12 совети од експерти за е-трговија

Во денешниот свет на е-трговија, постојат мнoгу начини како да се разликувате од другите. Додека некои компании се фокусираат на ексклузивни производи, други се фокусираат на уникатни и специфични категории, а ниту еден од постоечките начини не е погрeшен или правилен. Entrepreneur селектира неколку совети кои ги даваат искусни е-трговци, а преку овој блог пост истите ги споделуваме со вас.

  • Размислувај како корисник

Кејти Мелиса е експерт за е-трговија кој се фокусира на категории на производи како часовници и очила за сонце. Мелиса вели дека треба да се обучиш да размислуваш како потрошувач, бидејќи не е важно што ти се допаѓа – важно е што ќе му се допадне на купувачот. Таа додава дека треба да се изградите околу она што се продава, за да не се заврши со заостанати нарачки. Воедно, препорачува користење на Hurrify, Shopify додаток кој создава чувство на итност.

  • Преструктурирајте ги вашата е-пошта и профили на социјалните медиуми

Френк Hatchett е човекот зад онлајн Dimes, неверојатен ресурс за претприемачите кои сакаат да ги разберат клучните стратегии за раст на е-трговијата. Тој, исто така, води и огромна Фејсбук група од 20.000 лица, Online Samurais, која ги истражува сите аспекти на онлајн маркетингот – вклучувајќи го и начинот на кој луѓето заработиле пари со давање на бесплатни производи. Неговиот совет за е-трговците е крос-таргетирање преку Фејсбук и емаил. Ако може да ги споите мејловите и социјалните медиуми многу е поверојатно да имате поголема конверција. Тој предлага користење на Connectio, кој овозможува автоматизација и оптимизација на Фејсбук рекламирањето.

  • Научете преку пракса

Ричард Лазазера е поранешен член на тимот за раст во Shopify а сега работи на “A better Lemonade Stand”, еден од најпопуларните ресурси за претприемачи во електронската трговија денес. Тој, исто така, предава претприемништво преку својата програма, Build Launch Grow. Тој се фокусира на учење преку пракса. Многу од новите претприемачи размислуваат премногу пред да започнат. Неуспехот создава можност да се научи, а секој неуспех е чекор напред.

  • Максимизирање на е-поштата за создавање на клиенти

Сузан Бредли е искусен e-commerce претприемач кој научил да се приспособува преку својата продавница, Wee Squeak. Таа, исто така, ја води “The Social Sales Girls”, програма наменета за учење за електронската трговија. Бредли се залага за искористување на е-пошта, а според неа lead generation e клучен дел од емаил стратегија. Таа препорачува користење на Infusionsoft, клучна алатка за автоматизација за малите бизниси кои сакаат да растат.

  • Користете и максимизирајте пристап на инка (funnel)

Тери Арсено има неколку продавници за електронска трговија (како Лефвуд), а воедно ја води агенцијата за дигитален маркетинг, Shopidd. Тој исто така ја започнал Shopify E-Commerce Group на Фејсбук, којa има над 10.000 членови. Dan Dasilva е е-трговец кој раководи со Ecom Dudes. Тој има сопствени продавници а предава на над 4.000 студенти преку своите програми.

Arsenault и Dasilva велат дека е важно за е-трговците да применуваат пристап на инка, што значи дека треба да знаете кој е вашиот аватар на купувачи, да ја насочите својата инка, да апсорбирате и да се движите според корисниците за да имате продажби.  

Arsenault препорачува користење на Shoelace, приклучок за Shopify, кој се фокусира на реклами. Дасилва сугерира користење на TriFunnels, алатка која помага за мапирање и таргетирање.

  • Најдете систем кој може да расте со вас

Џон Хатчисон го води Ecom Convert, како и неколку Shopify апликации како Trackify. Неговата експертиза лежи во конверзија и оптимизација. Хатчисон препорачува претприемачите да најдат систем (технологија) за работење што може да расте со нив. Исто така според него фокусот треба да биде на конверзии. Откако ќе стекнете клиент, дознајте како можете да добиете повеќе од него. Hutchison сугерира користење на Klavyio, е-мејл маркетинг платформа.

  • Мапирајте го искуството на потрошувачите

Кетрин Хауел раководи една од најдобрите агенции за креирање на funnel, Eight Loop Social. Хауел вели дека треба да се насочи искуството и патувањето на клиентот од првиот пат кога ќе го видат производот до следниот мејл кој ќе им го испратите откако ќе ја завршат нарачката. Знаењето на допирните точки на вашиот бренд ќе биде од суштинско значење за успех. Таа препорачува користење на Shoelace, апликација на Shopify која го прави насочувањето преку Facebook и Instagram лесно.

  • Продавај на уникатен начин

Ешли Рајт е е-трговец кој води неколку продавници. Рајт вели дека треба да го истражувате аголот што го користите за да ги продавате вашите производи. Обидете се да ги продавате на единствен начин со наоѓање уникатна публика за секој производ. Ова може да ви овозможи да ги намалите трошоците за реклами на Фејсбук. Пепорачува да се испроба Wicked Reports, маркетинг платформа.

  • Најдете го производот/маркетот кој одговара

Дејв Хермансен е еден од основачите на Store Coach, програма која им помага на луѓето да започнат сопствени онлајн продавници. Тој создаде неколку продавници за електронска трговија.

Како тренер за продавници, советите кои им ги дава на многу студенти се врти околу изнаоѓање на победничката нишка. Ова значи дека треба да се најде производ и пазар кои одговараат и имаат добра конверција. Напоменува дека продавање на продукти со поголема вредност би значело дека не мора да се гледа на квантитетот на продажби. Хермансен препорачува користење на SEMrush, алатка за оптимизација на вашите клучни зборови.

  • Бидете секогаш во тек

Себастијан Гомез е еден од водечките светски експерти за електронска трговија. Неговиот главен совет? Секогаш бидете ажурирани. Не можете само да поставите реклама и да не ја оптимизирате. Себастијан ги проверува своите реклами во текот на денот и ги оптимизира оние што не работат. Ова му овозможува брзо да се прилагоди. Тој препорача користење на TrustMSG, алатка која враќа на луѓето кои коментираат на вашите Фејсбук реклами.

  • Користете видео реклами на Фејсбук

Лоренс Апонте има неверојатна приказна, која му помага да ги инспирира другите преку својата тренинг програма. Лоренс се фокусира на тоа како видео-рекламите преземаат главна улога и ги мотивира сите негови студенти да ја користат оваа опција. Тој им препорачува на е-трговците да воспостават повторна интеракција со луѓето кои ги гледале нивните реклами преку уникатни слики од продукти. Тој сугерира да се користи App Store кога има dropshipping за да се олесни управувањето со нарачките и интеграцијата на производите.

  • Тестирајте реклами кои бараат да купиш

Ентони Мастелон е е-трговец кој се фокусира на создавање софтверски алатки кои го олеснуваат животот на сопственикот на продавницата. Неговиот главен совет е да се тестираат реклами кои ги принудуваат луѓето да направат купување. Тоа би можело да значи создавање итноста со реклама или партнерство со влијателни луѓе кои го промовираат вашиот производ. Тој, исто така, вели дека односите со клиентите никогаш не завршуваат и затоа треба да се надминувате. Тој препорачува да се има алатка која овозможува upsell со еден-клик како Zipify.

 

Извор: www.entrepreneur.com

Виктор Стојкоски