Малите и средните бизниси треба да останат фокусирани на развојот на нивниот бизнис. Тие често имаат ограничени ресурси, време и експертиза, но благодарение на подемот на софтверските компании, во моментов има бројни SaaS алатки (Софтвер како услуга) кои се специјално дизајнирани за нивните потреби.
Растот на SaaS во последните години е огромен и е со голем број на иновации. Голем дел од малите и средните компании ги видоа придобивките од безбедноста и употребливоста и оттаму придонесоа за подемот на SaaS секторот. Но прво да откриеме што е SaaS.
Што е SaaS?
Софтвер како услуга (SaaS – software as a service) е модел за лиценцирање и дистрибуција на софтвер во кој централно хостиран софтвер им се обезбедува на клиентите преку лиценцирана претплата преку Интернет.
Наместо да морате да набавувате скап хардвер или да инсталирате софтвер, можете лесно да пристапите до апликација преку Интернет. SaaS компанијата го хостира софтверот на своите сервери и го доставува до своите претплатени крајни корисници. SaaS компанијата е одговорна за обезбедување пристап, безбедносни карактеристики, ИТ поддршка и перформанси во текот на нејзиното функционирање.
SaaS е дел од технологијата на cloud computing, заедно со добро познатите услуги на Инфраструктура како услуга (IaaS – infrastructure as a service) и Платформа како услуга (PaaS – platform as a service). Една третина од организациите ги гледаат cloud инвестициите како еден од нивните три главни инвестициски приоритети.
Предности на користење на SaaS
Малите и средните бизниси можат да користат достапни, но моќни SaaS алатки за да управуваат со нивните деловни функции. Овие SaaS алатки можат да помогнат да се зголеми продуктивноста и оперативната ефикасност, овозможувајќи ѝ на компанијата да се фокусира на растот.
Некои од предностите на користењето SaaS алатки се:
- На SaaS алатките може да се пристапи од кој било уред користејќи едноставна интернет конекција
- Флексибилни цени засновани на број на корисници
- Брза дистрибуција меѓу корисниците
- Континуирани функционални подобрувања
- Брзи безбедносни надградби
- Широк опсег на системска компатибилност
Врвни SaaS алатки за мали и средни бизниси
Постојат SaaS алатки за основните деловни функции на сметководството, чување на содржината, управување со односите со клиентите, соработка со документи, email маркетинг , управување со знаење, зголемување продуктивност итн.
Ги наведовме некои од најпознатите SaaS алатки за кои откривме дека може да им се корисни на малите и средни бизниси преку кои ќе им се овозможи непречено функционирање.
1. Bit.ai – Алатка за Document Collaboration
Bit им помага на тимовите да работат заедно додека истовремено споделуваат информации низ апликациите, како виртуелна канцеларија!
Bit.ai овозможува да креирате работни простори за која било група, проект, тим или било што друго. Работните простори може да се користат за креирање, соработка и организирање на целата работа на вашиот бизнис на едно место.
Во рамките на работниот простор, можете да креирате интерактивни документи, белешки, бази на знаење, прирачници со упатства, прирачници за обука, документација за процесите, додека се интегрирате низ повеќе апликации.
Bit.ai е уникатна SaaS алатка поради нејзиниот моќен уредувач што можете да го користите за заеднички да пишувате во реално време и да додавате дигитални средства како PDF-датотеки, cloud-датотеки, видеа, табеларни пресметки итн.
Bit вклучува центар за содржина познат како библиотека со содржини каде што можете да ја зачувате содржината на вашата компанија на едно место. Можете да ги споите датотеките, сликите и веб-врските во едно централно складиште за да обезбедите непречена далечинска соработка.
2. Elink – Алатка за Content Curation и Content Marketing
Elink.io е неверојатна all-in-one алатка за content curation и content marketing што им помага на маркетерите и креаторите на содржини да објавуваат email newsletter, веб-страници и да вградуваат веб-содржини само со додавање на веб-врски! Лесно претворање на збирки на написи, слики, видеа итн во визуелна содржина за неколку секунди.
Можете лесно да ги конвертирате колекциите на веб-врски во email newsletter и истите да ги испратите преку MailChimp, Gmail и сите email провајдери од трети страни кои дозволуваат HTML-код (вклучително и Campaign Monitor, MadMimi, Active Campaign итн.)
Преку elink.io може да го следите на вашиот performance и нивото на engagement на креираната и споделена содржина. Elink нуди прекрасни, респонзивни layout-и, така што никогаш не треба да се грижите за дизајнот и можете само да се фокусирате на собирање одлична содржина. Овој SaaS производ кој заштедува време ќе го промени начинот на кој креирате и споделувате содржина.
3. ProofHub – Алатка за Project Management и Тeam Collaboration
ProofHub е алатка за управување со проекти и тимска соработка која им овозможува на тимовите да одржуваат целосна контрола врз нивните задачи, проекти и комуникации. Со едноставни to-do листи и агилни табли, тој обезбедува разновидни алтернативи за управување со задачи.
Дел за real-time дискусии, вградена chat апликација, алатки за проверки и извештаи се вклучени во софтверот за поефикасно управување со далечински тимови и проекти. Со алатките за обележување и додавање коментари, можете лесно да споделувате датотеки, прегледувате и одобрувате. Вградената алатка за разговор ја олеснува комуникацијата со членовите на тимот. Функционира како централна работна станица за сите ваши тимови, проекти и комуникации. ProofHub е одлично решение за малите бизниси поради неговиот пристап со рамна стапка на цени.
4. Trello – Алатка за Project Management
Trello ви помага да креирате табли, списоци и картички кои овозможуваат да ги организирате и завршувате вашите проекти флексибилно и продуктивно. Можете да креирате табла за вашиот тим и да додавате детали како што се коментари, прилози, датуми за завршување и многу повеќе, директно на Trello картичките.
Trello е ефикасна SaaS алатка за управување со проекти кој им овозможува на малите бизниси лесно да соработуваат на проекти од почеток до крај. Може да останете синхронизирани на повеќе уреди и лесно да работите во движење со нивните апликации за телефон.
5. Slack – Алатка за комуникација
Slack е најпопуларната алатка за комуникација за remote тимови и ги носи сите ваши потреби за комуникација на едно место. Корисниците создаваат групи за пораки наречени „канали“.
Каналите може да се креираат за тим, проект, локација, клиент или што било друго! Во овие канали, целиот тим може да има разговори, да соработува и да споделува датотеки. Споделувањето датотеки е супер лесно со Slack, бидејќи се интегрира со над 2000+ апликации.
6. Hubspot – Софтвер за продажба, маркетинг и CRM
HubSpot е inbound маркетинг платформа која има и платформи за продажба и управување со односи со клиенти (CRM – customer relationship management). Hubspot им обезбедува поддршка на продажните тимови за да ги насочат потенцијалните клиенти, да спроведуваат email кампањи, да комуницираат со клиентите и да ги мерат резултатите од кампањите.
Оваа SaaS алатка нуди автоматизација за email маркетинг што ви овозможува да креирате сопствени работни текови, да објавувате креирана содржина, беспрекорно да интегрирате профили за контакти, да ги следите вашите клиенти и да ги решавате нивните прашања за да можете да имате ефективни маркетинг кампањи.
7. Buffer – Social Media Management Софтвер
Ако имате повеќе канали за социјални медиуми за управување, работата на нив одделно може да биде напорна. Добро познатата SaaS алатка за управување со социјалните медиуми, Buffer, ви овозможува да објавувате на повеќе профили на социјалните медиуми од едно место.
Можете да закажувате објави, да ги следите перформансите на содржината и да управувате со сите ваши профили на едно место. Buffer има паметна аналитика која може да определи која содржина е добра и ќе препорача соодветни стратегии за подобрување на перформансите на вашата содржина.
8. Intercom – Алатка за Customer Support
Intercom е софтвер за поддршка на корисници и комуникација кој може да ви помогне да ги проучувате и персонализирате вашите интеракции со вашите крајни клиенти. Intercom им овозможува на компаниите да испраќаат персонализирани и насочени пораки врз основа на однесувањето на клиентите.
Ги испитува областите каде што вашите клиенти „заглавуваат“ или им е потребна каква било помош и обезбедува можност да добиваат повратни информации. Компаниите исто така можат да започнат разговор со своите клиенти преку пораки во апликацијата врз основа на нивното однесување. Повратните информации што ги добивате кога разговарате во живо со вашите клиенти може да се користат за подобрување на искуството на клиентите.
9. Toggl – Алатка за продуктивност
Со зголемувањето на бројот на екрани што ги користиме на дневна основа, го губиме чувството за време. Вообичаен предизвик за бизнисите е да можат да го следат времето што вработените го поминуваат низ проектите.
Toggl е едноставна, но моќна SaaS алатка за следење на времето. Обезбедува преглед на обемот на работа на вашиот тим и ги забележува потенцијалните проблеми во нивниот работен тек. Тоа е корисен систем за следење на времето за малите бизниси бидејќи доаѓа и со авто-синхронизирани апликации за десктоп, iOS и Android.
10. Freshbooks – Софтрвер за сметководство
Freshbooks е наградуван софтвер за фактури и сметководство наменет за сопственици на мали бизниси. Има сигурен и агилен сметководствен пакет кој може да ја поедностави секоја задача за финансиско управување.
Ако немате сметководствена позадина, интуитивниот дизајн и автоматизираните процеси на Freshbooks ќе бидат многу корисни. Можете лесно да водите аналитички извештаи и да ги разгледате финансиските обрасци за да го развиете вашиот бизнис. Со мобилната апликација FreshBooks, можете да останете поврзани и да се грижите за вашето сметководство од било каде.