10 потребни вештини за да се следи подемот на автоматизација

Автоматизација е создавање на технологија и нејзина примена со цел да се контролира и следи производството и испораката на разни стоки и услуги. Врши задачи што претходно ги извршувале луѓе. Автоматизација се користи во голем број области како што се производство, транспорт, комунални услуги, одбрана, објекти, операции и во последно време, информатичка технологија.

Автоматизацијата може да се врши на многу начини во различни индустрии. На пример, во доменот на информатичката технологија, софтверска скрипта може да тестира софтверски производ и да произведе извештај. Постојат и разни софтверски алатки достапни на пазарот, кои можат да генерираат код за апликација. Корисниците треба само да ја конфигурираат алатката и да го дефинираат процесот. Во другите индустрии, автоматизацијата во голема мера ја подобрува продуктивноста, штеди време и ги намалува трошоците.

Автоматизацијата брзо се развива, а деловната интелигенција во апликациите е нова форма на висококвалитетна автоматизација. Во доменот на технологијата, влијанието на автоматизација брзо се зголемува, и во софтверот и во хардверот. Сепак, и покрај напредокот во автоматизацијата, секогаш се советува некоја рачна интервенција, дури и ако алатката/софтверот може да ги исполни повеќето задачи.

Како што автоматизацијата зема се поголем удел во секојдневието, така дел од работните места наменети за луѓе ќе прекинат да постојат, но и многу нови работни места ќе бидат отворени и создадени. Што ќе биде потребно за да се прилагодите на економијата? Како може да се создаваат вредности во свет кој станува автоматизиран?

Четвртата дигитална револуција се гради и развива преку иновациите од третата инустриска револција и ги менува моменталните индустрии преку:

  • Вештачка интелигенција
  • Интернет на нешта
  • Автоматизирани возила (возила кои возат без потреба од човек возач)
  • Нанотехнологија
  • Обновлива енергија
  • Биотехнологија
  • Quantum computing

Поради многу нови полиња, новите маркети ќе имаат потреба од дополнителни вештини за вработување. Паметните роботи ќе одземат мнoгу работни места, а ќе бидат отворени многу нови кои претходно не постоеле.

Топ 10 вештини кои ќе бидат потребни во 2020 година?

  1. Решавање на комплексни проблеми

Вештини за да се утврди релацијата помеѓу индустриите и креативните решенија на проблемите кои допрва може да се појават е задолжително имајќи ги на ум машините со вештачка интелигенција.

  1. Критичко размислување

Луѓе кои може да префрлат податоци во одлична интерпретација ќе биде задолжително имајќи ја предвид комплексноста и поврзаноста на различни полиња како компјутерска наука, инженерство и биологија.

  1. Креативност

Квалитетот кој доаѓа со можноста и умешноста да се изгради нешто од идеја е вештина која ќе се цени и во иднина.

  1. Менаџирање на луѓе

Роботите знаат аналитика и имаат математички вештини, но тие не може да ги заменат луѓето во лидерство и менаџерски улоги за кои се потребни човечки вештини и квалитети.

  1. Координација со други

Ефективна комуникација со други и вештини како тимска работа ќе бидат барани во било која индустрија.

  1. Емотивна интелигенција

Квалитети кои спаѓаат под емоционална интелигенција како емпатија ќе бидат земени во предвид кога ќе се најмуваат менаџери во иднина.

  1. Носење одлуки

Способноста да се земат предвид голем број на податоци и да се анализираат, да се интерпретираат и да се донесе издржана одлука врз база на нив е вештина која ќе биде потребна во ерата на информациите.

  1. Ориентираност кон услуги

Луѓето кои ја сфаќаат важноста на нудење вредности на клиентите во форма на сервиси и помош ќе бидат барани и во иднина, имајќи на ум дека компаниите ќе сакаат да овозможат решенија за проблемите во општеството.

  1. Преговарање

Способноста да се преговара со компании и индивидуалци за да се дојде во win-win ситуација ќе биде повеќе од потребна вештина за да се опстане во некои индустрии.

  1. Когнитивна флексибилност

Способноста да се прилагодува за да се исполни задача или да се справи со предизвик ќе биде важна за да се постигне успех во комбинираните индустрии.

Топ 5 сектори во индустријата во 2020 година ќе бидат:

  1. Технологија и computational thinking
  2. Нудење грижа
  3. Социјална интелигенција и писменост за нови медиуми
  4. Доживотно учење
  5. Прилагодливост и business acumen

Топ 10 работи во 2020 година ќе бидат:

  1. Аналитичар на податоци
  2. Медицински техничари, физикални терапевти и workplace ergonomic experts
  3. Специјалисти за маркетинг и продажба
  4. Луѓе одговорни за кориснички услуги
  5. Аналитичари за менаџмент
  6. Software developers и програмери
  7. Ветеринари
  8. Дизајнери и креатива за продукти
  9. Наставници и тренери
  10. Сметководители и ревизори

Извор: Светски економски форум