10 причини зошто стартапите за е-трговија не успеваат

Позната статистика е дека 90% од стартапите не успеваат уште во првите 120 дена. Но која би била причината за една компанија за е-трговија која штотуку започнала со работа, да биде неуспешна за толку брзо време?

  • Зошто стартапите за е-трговија не успеваат?

Сè настрана, сè уште има многу компании за е-трговија кои нема да ја преживеат првата година од постоењето. Но, зошто е ова? Агенцијата за дигитален маркетинг, Marketing signals, спроведе истражување меѓу 1.253 сопственици на неуспешни стартапи во Велика Британија и ги анализираше резултатите за да може да излезе со првите 10 причини зошто стартувањето во електронската трговија не успеваат. Се чини дека најважната причина е слаб маркетинг преку Интернет. Недостатокот на ‘search engine visibility’ е исто така, голем фактор. Од анкетираните компании, 37% рекле дека нивниот неуспех може да се припише на неможноста за постигнување на доволно добар онлајн маркетинг додека 35% го припишуваат неуспехот на фактот што нивната компанија не била доволно видлива во онлајн светот.

  • Снемувањето на финансиски средства е голем проблем за стартапите за е-трговија

Сличен број на анкетирани лица рекле дека нивниот бизнис за е-трговија пропадна затоа што имало малку до воопшто достапен пазар за производите или услугите што се обиделе да ги продадат преку Интернет. За 32% недостигот на финансиски средства било многу важна причина поради која стартапите не опстанале.

  • ‘Осигурајте се дека постои пазар за производот кој го нудите’

Според Герет Хојл, управниот директор на Marketing signals,важно е да се има оналјн присуство и да се биде видлив на пребарувачи како „Гугл“, тоа е клучна област на која почетниците во е-трговијата треба да се фокусираат. „Навистина е важно сопствениците на бизнис добро да се снабдат и да запазат на сите потребни работи за видливост на една компанија – тоа мора да вклучува прегледност при пребарувањето на стартапот и стратегија за маркетинг преку Интернет, како и да се обезбеди постоење на пазар за нивниот производ.“

Да ги разгледаме овие топ 10 причини зошто стартапите за е-трговија не успеваат:

  1. Лош интернет маркетинг – 37%
  2. Недостаток на видливост при пребарување преку Интернет – 35%
  3. Малку до воопшто постоечки пазар за нивните производи или услуги – 35%
  4. Недостаток на винансии – 32%
  5. Проблеми при цени и трошоци – 29%
  6. Надминување од страна на конкуренцијата – 23%
  7. Доминација на пазарот од страна на гиганти – 19%
  8. Лошо услужување и помош кај клиентите – 16%
  9. Недостаток на компетентност кај тимот – 14%
  10. Погрешен начин на управување со производите – 11%