Што нуди Е-commerce платежното решение на НЛБ Банка?

Динамичните промени во бизнис околината ја наметнуваат потребата компаниите постојано да ја приспособуваат својата пазарна стратегија. Интернетот како продажен канал забрзано ја трансформира постојната перцепција за купувањето и продавањето пред се заради привилегиите кои ги нуди на купувачите.

Решението за Електронска трговија на НЛБ Банка е единствено на македонскиот пазар кое ги прифаќа картичките од програмите на  Mastercard Worldwide, VISA International, Diners Club International, Discover како и домашни платежни картички издадени од македонски банки. Решението на НЛБ Банка е технолошки најнапредно решение на македонскиот пазар кое ги поседува следните можности:

  • Интерактивно приспособување на интерфејсот на платежното решение зависно од уредот на корисникот (мобилен телефон, компјутер, или друг уред)
  • Графичко уредување на web страницата на платежниот портал каде се врши плаќањето согласно барањата на трговецот
  • Повеќејазична поддршка на страницата на платежниот портал
  • Сигурностa на трансакцијата е на исклучително високо ниво пред се како резултат на “3D Secure” безбедносниот протокол (Verified by Visa односноMasterCard Secure Code) достапен на корисниците на ова платежно решение

Решението нуди можност за избор на начинот на спроведување на продажните трансакции:

  1. Наплата на средствата веднаш, комплетирање на трансакцијата во еден чекор
  2. Одложена наплата на средствата, комплетирање на трансакцијата во два чекори: резервација на средствата и наплата на средствата

Повеќе информации можете да добиете на www.nlb.mk