Објавен извештај за предизвиците на микро, мали и средни претпријатија во Македонија

British council објави извештај за предизвиците на микро, мали и средни претпријатија во Македонија, кој е направен во соработка со Шведскиот институт. Извештајот е составен  од десктоп анализа и анкети на перспективни бизнис старапи кои се спроведени во периодот декември 2017 – јануари 2018 година.

 

Клучни наоди

Како клучни наоди се издвоени следниве работи:

  1. Пристапот до финасии е предизвикувачки и претставува значајна бариера за иновациите и претприемништвото.
  2. Поврзувањето со пазари надвор од Македонија и Западен Балкан е предизвик за новите претприемачи.
  3. Има потреба од кревање на претприемачката свест кај младите под 25 години.
  4. Вложени се напори и енергија, но уште е потребно да се унапредуваат вештините на претприемачките тимови.
  5. Македонија има инкубирано многу претприемачи што бараат можности, но поддршката е лимитирана. Тие може да имаат бенефиции од фокусиран настан на кој ќе се спојат сите индустрии од цела Македонија.

Образование

Тие нотираат дека има знаци дека генералното ниво на образование се подобрува, а се креира простор каде идните претприемачи ќе може да учат и да ги унапредуваат нивните технички вештини. Македонија учествува во Еразмус+ и Хоризонт 2020 – програма на ЕУ за истражување и иновација.

Европската комисија проценува кои се главните предизвици во образованието, а ја нотира непривлечноста на средното стручно образование и недоволната соработка на VET системот со бизнис секторот.

Анкета

За да го комплетира извештајот, British Council прави анкета на перспективни бизнис стартапи. Од анкетираните 33% се дел од бизнис сервисите, 22% се дел од градежништвото, 22% се дел од IT/комуникации, 16% се дел од прехрамбена индустрија а 9% се дел од туризам.

Од анкетираните, на прашањето за предизвиците кои климата ја прават неповолна за бизнисите:

  • 32% одговараат дека тоа е нискиот животен стандард и ниската куповна моќ
  • 22% одговараат дека тоа се проблемите со наплата
  • 22% одговараат дека тоа е поради нестабилната политичка и економска ситуација во земјава
  • 17% одговараат дека тоа е поради неефикасноста на институциите и регулативата
  • 7% одговараат дека тоа е поради недоволни фондови и поддршка за компаниите

На прашањето во кои советници претприемачите имаат најголема доверба:

  • 35% одговараат дека тоа се личните пријатели и фамилијата
  • 21% одговараат дека тоа се колегите и вработените
  • 18% одговараат дека тоа се сметководителите
  • 10% одговараат дека тоа се адвокатите
  • 3% одговараат дека тоа се финансиските советници

Доколку сакате да го прочитате целиот извештај, тој е достапен тука.