Некои од најпопуларните светски брендови ги затвораат вратите за нивните трговци

Во првите четири месеци од оваа година, беа објавени повеќе затворања на продавници, споредбено со цела 2018 година.

Според Business Insider, апокалипсата на малопродажбата е тука, а најавеното затворање на речиси 6.000 продавници само во САД во текот на оваа година е повеќе од доволен показател дека навистина е така. Колку за споредба, во 2018 година таму биле затворени 5.864 продавници.

Популарниот „Abercrombie & Fitch“ за само 24 часа ќе затвори повеќе од 1.100 продавници, а слични бројки најавија и од „Charlotte Russeu“ и од „Family Dollaru“. Десетици свои продавници ќе затворат и „GAP“, „Victorias’ Secret“ и „JCPenney“, додека некои брендови ги затвораат апсолутно сите нивни продавници. Еден од нив е и малопродажниот синџир за продажба на обувки „Payless“, кој оваа година планира да ги затвори сите 2.500 продавници.

Причината за тоа се крие во сѐ поголемата популарност на онлајн-купувањето, поради што сѐ помалку потрошувачи одат во продавница за да купат нешто.

– Бранот на затворање продавници ќе продолжи во текот на следните неколку години – смета Дебора Вајнсвиг, извршна директорка на консултантската компанија „Корсајт рисрч“, која спровела истражување за трендот на затворање на продавниците.

Се предвидува дека до 2026 година засекогаш ќе се затворат вратите на дури 75.000 американски продавници, а најголем број ќе се однесува на бутиците. Според прогнозите, од сите затворени продавници тие ќе опфаќаат високи 71 отсто, односно 21.000 на територијата на САД.