Како развојот на барањата на трговците ги “турка” добавувачите на POS терминали да ја зголемат својата конкурентност

Падот на американската “brick-and-mortar” трговија е претеран, и покрај остриот раст во е-трговијата, кој речиси ќе се удвои до 2021 година. Сепак, дел од купувањето продолжува да се одржува во продавница. И малку е веројатно дека тоа ќе се промени во скоро време, бидејќи онлајн окружувањето сè уште не може да ги надомести причините за купувачите кога станува збор за “brick-and-mortar” шопинг.

Тоа значи дека POS терминалите, кој трговците ги користат да прифаќаат плаќања со платежни картички од сите видови и да ги комплетираат трансакциите, ќе остане во игра сеуште. Но, тоа не значи дека начинот и функциите на овие терминали нема да се менува. Додека трговците бараат начини да ги намалат трошоците со кои се соочуваат за време на промените во навиките за купување на потрошувачите, POS терминалите, кои некогаш беа претежно хардверски уреди кои се користеа исклучиво за прифаќање на плаќањата, се развиваат во целосни услуги, сеопфатни решенија. Со тоа, овие нови POS терминали обезбедуваат низа решенија за бизнис менаџмент и понуди за дополнување на платежните услуги.

Тука во игра влегува паметниот терминал, нов производ на пазарот кој е комбинација од таблет и каса. Трговците сè повеќе се насочуваат кон прифаќање на овие понуди, кои им овозможуваат поврзување, мобилност и интероперабилност за да го реализираат целокупниот бизнис. И тоа е поместување на пазарот, бидејќи не станува збор само за класичен терминал, туку исто така и за имплементација на нови мобилни точки на продажба (mPOS) и развиени напредни решенија, кои ги нудат овие производи.

Додека трговците се повеќе бараат широк спектар на решенија за плаќање, понудувачите на терминали се борат да ги задоволат нивните потреби со цел да ги задржат постоечките клиенти и да привлечат нови. Ова доведува до иновација и зголемена конкуренција и во хардверските и софтверските простори на POS терминалите.