Како да се справите со враќање на производи?

Поголема изложеност на пазарот значи поголема продажба, но и поголеми побарувања за поврат на производ. На кои 4 начини е-трговците може да се справат со ова?

Политиките за враќање повеќе не можат да бидат последица

Ваквата политика е-трговецот треба да ја смисли и усогласи со законските одредби уште пред да почне со работа. Според неодамнешната студија на UPS-от, 66 отсто од корисниците велат дека проверуваат политики за враќање пред да направат купување. Добро oсмислената политика за враќање е од клучно значење за добри односи со клиентите. Продавачите треба да одлучат дали да понудат една политика за враќање – на пример, Амазон – или различни политики за секој пазар / канал или за различни понуди за производи (на пример, low-end vs. high end).

Политика за бесплатно враќање може да не работи за некои трговци

Враќањето може да има големо финансиско влијание врз профитот. Во зависност од индустријата, стапките на враќање може да бидат многу ниски или многу високи. Враќањето на книги и видеа може да биде 2-3 проценти, додека облеката и накитот може да бидат и 30 проценти од профитот. Компаниите треба да ги почитуваат правилата за враќање во зависност од индустриските стандарди и реалните стапки на враќање. Е-трговецот треба сам да процени каков тип на враќање на производ ќе има. За некои производи, кои имаат помали цени, некогаш повеќе се исплати да има бесплатно враќање на производот.

Автоматизација за враќање на производи

Трговците со високи стапки на враќање можеби ќе треба да инкорпорираат автоматизација. Малите бизниси со помало враќање честопати управуваат со нив со сопствени решенија, најчесто мануелно. Меѓутоа кога станува збор за големи компании или компании кои имаат голема стапка на враќање на производи, потребно е да се размисли за автоматизација на целиот процес, без разлика дали ќе станува збор за електронско креирање на етикети со баркодови, кои преку скенирање ќе го откријат потрошувачот и ќе го забрзаат процесот или станува збор за друг тип на автоматизација. Интегрирањето со внатрешните системи е важно за големите компании, бидејќи поврзување од купувачот, до магационерот, преку сметководството, маркетингот и продажбата нема да оди толку брзо и лесно.

Враќањето го намалува профитот, па важно е да се превенира

Добар сервис за клиенти помага да се избегне непотребното враќање на производите преку решавање на проблемот со клиентот, односно преку брза замена на исчезнати/оштетени предмети или правење на размена. Обезбедување точни и брзи информации за клиентите е исто така важно. Детални описи на производи и квалитетни слики ќе помогнат да се избегне недоразбирање со потрошувачите. Исто така, корисно е да се следи и анализира кога некој производ е вратен и која е причината за тоа. Ова ќе овозможи да се избегнат идни враќања.

 

Извор: www.entrepreneur.com